
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



На европските берзи во понеделник претпладнето се тргува внимателно, бидејќи оваа седмица се очекуваат коментарите на шефовите на централните банки за инфлацијата, како и нови економски податоци кои би можеле да го насочат пазарот. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше речиси непроменет во првиот дневен пресек. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс ослабна за 0,22 отсто, на 7.665 поени, а париски CAC за 0,13 отсто, на 7.925 поени. ...
Во екот на земјоделската криза и протестите на фармерите, Франција објави декрет со кој се забранува употребата на името месо за растителни производи. Највисокиот суд на ЕУ допрва треба да донесе одлука со која ќе се разјасни усогласеноста на овие регулативи со правната рамка на ЕУ. Францускиот премиер Габриел Атал на 27 февруари објави дека „ова е барање на нивните фармери“, велејќи дека е објавен декрет со кој се забранува називот стек или ...
Евростат забележа како хрватската февруарска инфлација е највисока во целата еврозона, достигнувајќи 4,8 проценти. Како што пишува „Пословни дневник“, Централното биро за статистика (ЦБС) ја објави првата проценка на индексот на потрошувачките цени, според која, во февруари 2024 година стапката на инфлација изнесувала 4,1 отсто во однос на февруари 2023 година. Во споредба со јануари 2024 година, фебруарската инфлација пораснала за 0,2. Како ...
Родени помеѓу 1981 и 2000 година, познати како милениумци, се на пат да станат најбогатата генерација во историјата од кога постои светот. Оваа анализа ја подготвило позната британска консултантска фирма и Најт Френк како директор, со седиште во Лондон. Реномираната консултантска куќа го објавила својот 18-ти извештај за богатството. Анализите велат дека оваа генерација ќе има корист од „сеизмички“ неочекувани добивки во следните 20 години, ...
Со панел за економските перспективи на Западен Балка, започна 31-виот по ред бизнис форум Копаоник. На него, шефицата на канцеларијата на ММФ во Србија, Јулија Устјугова порачала дека од земјите на Западен Балкан, Србија и Северна Македонија ќе продолжат да ги намалуваат своите фискални дефицити. „Очекуваме дека фискалниот дефицит ќе продолжи да се намалува во Србија и Северна Македонија, а во другите земји ќе се врати на претходните нивоа, ...
ОВЕН Доколку вашите задолженија не ви дозволуваат да одбиете деловни понуди, разгледајте ги со колегите и постапете внимателно. Збогатете ја вашата заедничка култура. Не ги восприемајте емотивно успесите на професионален план и бидете внимателни. БИК Бидете внимателни со деловните состаноци. Околу пладне сте напнати, но успехот ќе ве придружува. Останете смирени по секоја цена. Ќе си гарантирате успех доколку со трпение и тактичност договорите ...
Секоја година на најголемиот саем за мобилни телефони во светот, Mobile World Congress (MWC), се доделуваат награди (GLOMO – Global Mobile Awards) во бројни категории, а секако најинтересна е категоријата за најдобар смартфон во светот. Минатата година, таа награда отиде во рацете на Apple и нивниот модел iPhone 14 Pro, а неговиот наследник, iPhone 15 Pro, исто така беше во потесниот избор за да ја добие наградата за 2023 година. Покрај серијата ...
Инфлацијата во Германија во февруари изнесуваше 2,5 отсто на годишна основа, што е за 0,4 процентни поени помалку од јануари и најниска од јуни 2021 година, пишува германскиот завод за статистика во првата проценка објавена денеска. Ова е добредојдена вест која претставува добар поттик да се започне со намалување на каматните стапки, пренесува француската новинска агенција АФП. За намалувањето на инфлацијата во февруари најмногу придонесоа ...
На глобален план, нарушеното економско и политичко опкружување како резултат на воениот конфликт во Украина и на Блискиот Исток беше фактор за претпазливо водење на монетарната политика од страна на централните банки во светот. Во Македонија, по историски високата просечна стапка на инфлација од 14,2% во 2022 година, таа во 2023 година изнесуваше 9,4 %, повторно над историскиот просек од околу 2 %. Во вакви услови, а притоа следејќи ги сигналите ...
Советот на Народната банка, на вчерашната редовна седница, ја усвои Одлуката за задолжителна резерва, која, како што посочуваат, предвидува сет мерки насочени кон натамошна поддршка на процесот на денаризација во банкарскиот сектор и зголемување на долгорочното штедење во банкарскиот систем. Според претставниците на НБРСМ мерките овозможуваат и поедноставување, модернизација и усогласување на системот на задолжителна резерва со поставеноста во ...
Единствениот пазар на труд на Отворен Балкан, чии членки се Србија, Албанија и Македонија, започнува денес, 1 март, а тоа значи дека сите граѓани ќе можат да се вработат во која било од земјите од оваа иницијатива со наједноставна процедура. . Марко Чадеж е еден од првите што доби Open Balkan ID, електронски сертификат кој му овозможува да работи во која било отворена балканска земја. – Од 1 март годинава граѓаните на Србија, Албанија и Северна ...
На њујоршки Волстрит, индексот S&P 500 достигна рекордно високо ниво во четвртокот, како и Nasdaq индексот, најмногу благодарение на добивките на технолошките акции, додека податоците за инфлацијата беа во согласност со очекувањата. Индексот Dow Jones зајакна 0,12 отсто, на 38.996 поени, додека S&P 500 порасна за 0,52 отсто, на 5.096 поени, а индексот Nasdaq 0,90 отсто, на 16.091 поени. Новите рекорди за S&P 500 и Nasdaq индексите во ...
Секој вработен ќе каже дека работата знае да биде стресна, но има занимања кои без разлика на високиот степен на стрес остануваат на тронот на најбараните и најплатените. Без разлика дали се работи за ситуации на живот или смрт, тесни рокови или наметнат притисок од претпоставен, некои работни места се познати по тоа што ги туркаат луѓето до нивните граници. Едни го компензираат доживеаниот стрес со добра плата, други трпат затоа што се условени ...
ОВЕН Не ризикувајте да се потпирате на чудо што ќе ве спаси од новите проблеми предизвикани од вашите постапки и ситуацијата во поширокото опкружување. Ќе блеснете со тоа што самите ќе ги решите. Верувајте во вашата интуиција. Оние од вас кои ќе предвидуваат, ќе уживаат во успехот и признанието. БИК Во вашата работа се наѕираат тешкотии, но и успеси, доколку не се решите да се откажете од активната работа, а потоа да приговарате и да се жалите ...
Јапонскиот технолошки гигант „Sony“ укинува околу 900 работни места во својот оддел за PlayStation и го затвора студиото во Лондон, соопшти компанијата, додека индустријата за видео игри се бори да закрепне од падот по пандемијата на коронавирусот пред две години. Отпуштањата ќе влијаат на околу осум проценти од вработените од Америка до Азија и најавите доаѓаат неколку дена откако „Sony“ ги намали годишните очекувања за продажба на конзолата ...
Советот на Народната банка на вчерашната редовна седница ја усвои Одлуката за задолжителна резерва, која предвидува сет од сеопфатни мерки главно насочени кон натамошна поддршка на процесот на денаризација во банкарскиот сектор и зголемување на долгорочното штедење во банкарскиот систем. Воедно, мерките овозможуваат и поедноставување, модернизација и усогласување на системот на задолжителна резерва со поставеноста во еврозоната, соопштија од ...
Триесет и две европски медиумски организации денеска поднесоа тужба против Гугл, барајќи отштета од околу 2,1 милијарди евра. Тужбата се однесува на практиките за дигитално рекламирање на американскиот технолошки гигант, при што медиумските групи тврдат дека „направиле загуби поради помалку конкурентен пазар“, се вели во изјавата споделена од правните фирми Герадин Партнерс и Стек, кои ги претставуваат организациите. „Без злоупотреба на Google ...
Просечната нето плата во земјите од поранешна Југославија во декември 2023 година беше највисока во Словенија (1.530 евра), а најниска во Северна Македонија (649 евра). На второ место е Хрватска (1.191 евро), потоа Црна Гора (814 евра), потоа Србија (811,3 евра), а пред Северна Македонија, според просечните плати, е само Босна и Херцеговина (654 евра). Словенија – 1.530 евра Просечната нето плата во декември 2023 година во Словенија изнесувала ...
„Македонијатурист“ од основната дејност хотелирство лани остварила оперативна добивка од 714.00 евра. Но тоа не е се! Од дивиденди и камати на своите вложувања во хартии од вредност вредни 20 милиони евра оваа компанија ја наѕида добивката за 2023 година до износ од 1,58 милиони евра „Македонијатурист“ се враќа на старите патеки и тоа ќе ги израдува нејзините мали акционери, покажуваат најновите бројки од финансиските извештаи за 2023 година кои ...
Извоз – 183,9 милиони евра, инвестиции – 28,3 милиони евра, нови вработувања – 232. Од прва може да се претпостави дека зад овие бројки стои цврсто позиционирана компанија, во која секој придонесува во остварувањето на амбициите и зацртаните цели. За „Алкалоид“ тоа успешно го одработуваат 2.843 ангажирани, предводени од менаџментот, а од резултатите може да се забележи дека секој е распореден на вистинското место. Што сѐ постигнале за една ...
НАСА издаде предупредување за потенцијален судир меѓу американско вселенско летало и руски сателит, со можност за значителен отпад на надморска височина од приближно 600 километри во атмосферата. Се предвидува дека судирот ќе се случи во 1:30 часот по полноќ, а НАСА внимателно ја следи ситуацијата. Овој настан ја нагласува зголемената загриженост за вселенскиот отпад и безбедноста на сегашните и идните вселенски мисии. Двата сателити на патеката ...
„Епл“ ќе го распушти тимот кој работи на електрични автомобили, наречен Special Projects Group, според Блумберг, пренесе СЕЕбиз. Вестите сигнализираат дека „Епл“ ќе стави крај на своите тајни напори да изгради автомобил за да биде конкурент на „Тесла“. Програмата вработуваше илјадници лица, но никогаш не се вклопи во основната дејност на „Епл“ за електроника и онлајн услуги, и покрена прашања за тоа кои компании „Епл“ ќе ги користи за ...
Цената на маслиновото масло во Европската унија во јануари се зголеми за 50 отсто во однос на истиот месец лани. Цената на маслиновото масло во Европската унија нагло порасна во втората половина на 2023 година, а цените во август 2023 година беа за 37 отсто повисоки во споредба со истиот месец во 2022 година, објави Евростат на својата веб-страница. Трендот на пораст на цените продолжи и во септември 2023 година со раст од 44 отсто на годишно ...
Нова можност за корисниците на картички издадени од Комерцијална банка – нивно блокирање или активирање преку мобилната апликација мБанка. Погодност досега достапна само преку Интернет банка. Ова практично и корисно решение за поголема безбедност на дебитните и кредитните картички е применливо и на мобилните телефони. Опцијата е позиционирана во десното мени на апликацијата, во „Преглед на картички“, каде што е овозможено и блокирање или ...
Социјалните медиуми станаа составен дел од нашиот секојдневен живот, со околу 59,9% од светската популација, или 4,8 милијарди луѓе, на социјалните мрежи ширум светот. Меѓутоа, со намалувањето на распонот на вниманието, луѓето обично користат мешавина од околу 6-7 социјални мрежи и поминуваат во просек по 2 часа и 24 минути на нив. Сепак, времето што корисниците го поминуваат на овие апликации за социјални медиуми може драматично да варира, што ...
Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 50. сесија на Клубот на истражувачите, којашто ќе се одржи на 28 март 2024 година (четврток), со почеток во 14:00 часот, во просториите на Народната банка. Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 13 март 2024 година (среда). Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите ...
На европските берзи се тргуваше претпазливо во средата претпалднето, при што берзанските индекси стагнираат бидејќи инвеститорите не сакаат да преземаат премногу ризик додека ги чекаат извештаите за инфлацијата од САД и еврозоната. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше во минус од 0,1 отсто претпладнево, откако вчера благо порасна. Лондонскиот FTSE индекс во првиот дневен пресек од тргувањето ослабе за 0,38 отсто, на 7.655 поени, а ...
На валутните пазари во средата во претпладневното тргување вредноста на американскиот долар во однос на кошничката на валути благо порасна. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 103,84 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 103,77 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните ...
ОВЕН Опседнати сте со остварување на вашите цели. Тоа ќе доведе до спротиставеност со вашиот внатрешен свет, кој не дозволува избрзани одлуки, но компромисот ќе го најдете попладне и ќе се смирите. Денот е погоден за договарање деловни состаноци и разговори, кои ќе бидат успешни доколку ги одржите во присуство и на колегите. БИК Избегнувајте да влезете во неволја поради неточни информации. Невидливите пречки ќе ви го комплицираат животот. ...
Народната банка обезбедува финансиска едукација преку која ги информира граѓаните за ризиците од кибернапади, како што е измамата преку сомнителни пораки (фишинг). Брзиот технолошки развој и дигитализацијата, отворањето на ИТ-системите кон надворешни платформи за комуникација, сѐ повисокиот износ на електронски трансакции наметна потреба од јакнење на свесноста и засилена едукација на граѓаните за безбедносните стандарди во борбата против ...