Во 5.980 обични акции издадени од винарската визба „Тиквеш“ инвестирани се 564,4 илјади евра. Акциите се купени преку блок-трансакција, што значи купувачот е познат. Цената за акција е 5.820 денари. За реализираната блок трансакција информираат од македонска берза. Според податоците, наведената количина акции претставува 2,21 процент од основната главнина на кавадаречката ВВ „Тиквеш“. Номиналната вредност за акција е 51,13 евра. Изразено во ...

Претседателот на Федералните резерви Џером Пауел во средата повтори дека очекува каматните стапки да почнат да се намалуваат оваа година, но сè уште не е подготвен да каже кога. Во подготвените забелешки за настапите на Капитол Хил со мандат од Конгресот во среда и четврток, Пауел рече дека креаторите на политиката остануваат претпазливи за ризиците што ги носи инфлацијата и дека не сакаат пребрзо да се олеснат. „При разгледување на какви било ...

OpenAI му возврати на Илон Маск, кој минатата недела го тужеше ChatGPT за бркање профит и отстапување од неговата првична, непрофитна мисија. Во вторникот вечерта, OpenAI објави неколку меилови од Маск од раните денови на компанијата. Во нив, Маск, наводно, признава дека OpenAI треба да заработи еден тон пари за да ги финансира неверојатните компјутерски ресурси потребни за да ги поттикне неговите амбиции за вештачка интелигенција. Во мејловите, ...

Според податоците објавени од Народната банка за банкарскиот сектор за 2023 година, македонските граѓани должат 244 милијарди 790 милиони денари или 3,97 милијарди евра на македонските банки или за 14,6 милијарди денари повеќе во однос на 2022 година. Најголемиот износ македонските граѓани го должат по основ на потрошувачки кредити 122 милијарди 700 милиони денари или 1,99 милијарди евра. Потоа следуваат станбените кредити со износ од 83,17 ...

Акциите од четири банки се на берзанската листа која го бележи највисокиот месечен раст на вредноста на акциите. Една по друга се поредени УНИ, Комерцијална, НЛБ и ТТК банка. Што укажува дека банките, односно нивните акции го привлекуваат најголемото внимание на инвеститорите. На првата позиција е акцијата на УНИ банка со најголемо поместување од 12,15 проценти. На последниот ден од февруари просечната цена е 7.100 денари, за разлика од ...

Вицепремиерот и министер за финансии Синиша Мали на Бизнис форумот Копаоник најави дека од 5 март, ќе почне имплементацијата на системот за препознавање на заедничките работни дозволи меѓу Србија, Македонија и Албанија. -Од 5 март, така што ќе стапи на сила системот за препозвање на работните дозволи меѓу Македонија, Албанија и Србија. Ова многу ќе придонесе за развојот на пазарот на трудот и флуктуацијата на кадрите, изјави Мали. Тој кажа дека ...

Американскиот милијардер Маск изјави денеска дека нема да донира пари за кампањата на кандидатот на Републиканската партија на американските избори Доналд Трамп, ниту за кампањата на актуелниот претседател на САД Џозеф Бајден. „Сакам да бидам многу јасен, нема да донирам на ниту еден кандидат за претседател на САД“, напиша Маск на својот профил на мрежата Х. Маск во текот на викендот се сретна со поранешниот претседател на САД, кој му бараше ...

Пратениците во Европскиот парламент и во Европскиот совет денес постигнаа привремен договор за новите правила за забрана на производите направени со принудна работа на пазарот во ЕУ. Според договорот, националните власти или Комисијата на ЕУ, во случај да е вмешана трета земја, ќе ја истражува сомнителната употреба на принудна работа во синџиритте за снабдување на компаниите. Ско истрагата заклучи дека била користена принудна работа, властите ...

Банките остварија над 250 милиони евра добивка во 2023 година и ги зголемија своите профити за 50 отсто, споредено со претходната година. Нето-приходите од камати се искачија на 409 милиони евра, додека нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат повеќе од 106 милиони евра, велат од Левица. Поволниот ветар „кој дуваше“ од Народна банка, ги зголеми приходите од камати над 40 отсто во споредба со претходната година. Со зголемување на ...

Стартуваше имиџ кампањата на Шпаркасе Банка АД Скопје, која и понатаму е силно фокусирана на своите клиенти и на нивните потреби. Со својот експертски тим останува доследна на својата мисија, да гради доверба и долгорочно партнерство, препознавајќи ги очекувањата и потребите на клиентите. Грижата за клиентите е најважна за Шпаркасе Банка, нивното задоволство останува еден од врвните приоритети. Секое дејство, решение и иновација се насочени кон ...

ОВЕН Не преачајте со доверба, сѐ што ќе ви биде кажано, бидејќи некој може да ве наполни со лажни информации. Вооружете се со трпение и тактичност, иако не сакате да молчите. Ќе стекнете почит од луѓето околу вас, особено од колегите. Потчинете ѝ се на судбината и воздржете се од избразни дејства. БИК На врвот сте, среќни и исполнети со желба да ги расположите луѓето околу вас. На работното место правовремено ќе ги давате своите изјави. Вашите ...

Дефицитот на Европската унија (ЕУ) во стоковната трговија со Кина изнесува 291 милијарда евра во 2023-та година, што е за 106 милијарди евра помалку отколку во 2022-ра година (-27 отсто), објави европската статистичка служба на својата веб-страница на Евростат. Помеѓу 2013-та и 2023-та година, трговскиот дефицит на стоки на ЕУ со Кина варира помеѓу 104 милијарди евра во 2013-та година и 397 милијарди евра во 2022-ра година, што е највисока ...

Банките се должни, на граѓаните, пред да пристапат кон користење на платежните услуги, да им дадат т.н. информативен документ со стандардизирана структура, поими, термини и дефиниции, за надоместоците коишто им ги наплаќаат. Целта е на граѓаните да им се даде поширока информација и можност за споредба на надоместоците, пред да донесат одлука од која банка ќе користат платежни услуги, посочува заменик-директорката на Дирекцијата за платни ...

Европскиот парламент, Советот и Комисијата постигнаа привремен политички договор за предлогот за регулатива со која се забрануваат производи направени со принудна работа на пазарот на Унијата. Секоја институција на ЕУ сè уште треба да ја усвои регулативата во согласност со сопствените процедури. Регулативата ќе биде директно применлива легислатива во земјите-членки. Таа е насочена кон спречување на производите направени со принудна работа да ...

Цените на златото пораснаа во вторникот откако фјучерсите на благородниот метал достигнаа нови рекорди во претходните две сесии – а аналитичарите сметаат дека релито ќе трае најмалку и во втората половина од годината. Априлскиот договор за злато се затвори над 2.100 долари за унца за прв пат во понеделникот и се зголеми за 0,37% на 2.134,2 долари во 13:15 часот во Лондон. Спотот со злато се тргуваше за 0,7% повисоко на 2.129 долари, иако ...

ТТК Банка ќе исплати дивиденда во нови акции за своите постоечки акционери. Храбар и пионерски потег во нашата корпоративна историја кој заслужува почит и внимание. По 25 години корпоративно управување и пазарна евалуација на вредноста прва македонска компанија се осмели да исплати дивиденда во нови акции. Чекор што секако вреди да се следи! ТТК Банка направи историски потег и стана прва компанија во македонската корпоративна историја која ќе ...

Цената на биткоинот достигна историски максимум, поттикната од зголемената побарувачка од инвеститорите, според експертите. Криптовалутата достигна 69.000 долари во текот на тргувањето во вторникот, надминувајќи го претходниот максимум остварен во ноември 2021 година. Порастот доаѓа откако на криптовалутата ѝ беше дадено зелено светло за вклучување во инвестициски производи во САД минатиот месец. Американската Комисија за хартии од вредност ...

Во вторникот Европската комисија ја предложи првата Европска стратегија за одбранбена индустрија (EDIS), која нагласува дека земјите-членки на Европската унија мора да инвестираат повеќе, подобро и заедно во областа на одбраната. Како прв чекор во имплементацијата на стратегијата, Комисијата го претстави законскиот предлог на Европската програма за одбранбена индустрија (EDIP), за која се издвоени 1,5 милијарди евра од европскиот буџет во ...

Проекциите укажуваат на забавување на инфлацијата, но централните банки треба да бидат внимателни, изјави Ивајло Изворски, главен економист на Светска банка за Европа и Централна Азија. Изворски за Н1 посочи дека секогаш постои загриженост дека движењето на цените може да се сврти, иако енергетската криза е зад нас. „Различните ограничувања во трговијата се намалуваат, меѓутоа, секогаш постои загриженост дека големото зголемување на платите во ...

Овен 21.3-20.4. Љубов Преодна несигурност би можела да биде поврзана со погрешно изразување или недоразбирање. Не навлегувајте во расправија. Кариера Вашите претпоставени денеска ќе бидат полни со елан и нови планови за развој на работата , а вие ќе имате помалку енергија. Издржете. Здравје и совет Одете чекор по чекор. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ако имате лични проблеми , прифатете еден неврзан повик на кафе , зашто така ќе си ја олесните душата. ...

Со нова инвестиција од 1.2 милиони евра, практичниот ИТ-факултет Бреинстер Некст колеџ (Brainster Next College) повторно им ја нуди уникатната финансиска поволност „Студирај сега, плаќај по вработување“ на сите студенти и за новата уписна година. Веќе трета година по ред, овој факултет на сите студенти им нуди можност да го завршат факултетот без да платат денар, а да почнат со исплаќање на школарината по дипломирањето или вработувањето, на ...

Министерството за труд и социјална политика ги известува граѓаните дека согласно Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани ќе се изврши исплата на финансиска поддршка за следните категории на граѓани: корисници на посебен додаток; корисници на правото на надоместок заради попреченост; самохрани родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош и корисници на право на пензија во висина до 19.000 ...

Џеф Безос повторно ја презеде титулата најбогат човек во светот. Сопственикот на Амазон го престигна шефот на Тесла и Спејс Икс Илон Маск, според индексот на милијардери на Блумберг. Нетото богатство на Безос е 200 милијарди долари, а на Маск се проценува на околу 198 милијарди долари. Според индексот, Маск изгубил околу 31 милијарда долари минатата година, додека Безос добил 23 милијарди долари. Акциите на Тесла вчера паднаа за повеќе од 7 ...

Големи технолошки компании, како Алфабет, Амазон, САП, Грамарли, Докусајн, Снеп и Дуолинго, најавуваат отпуштања поради генеративната вештачка интелигенција. Генеративната вештачка интелигенција може да создава (генерира) содржина во форма на текст, слики и видеа. Пред само неколку месеци, подобрувањата на вештачката интелигенција беа претставени како комплементарни алатки кои ќе ги елиминираат здодевните и повторливи задачи, но сепак им треба ...

На ниво на ЕУ цената на маслиновото масло се зголемила за 50% за една година, соопшти бирото за статистика на Европската Унија – Еуростат. Португалија забележа највисок скок на цените во блокот, со скоро 70% пораст, а потоа следат Грција и Шпанија (63%). Трите земји заедно произведуваат најголем дел од европското маслиново масло. Кипар забележа годишен пораст од 49%. Еуростат соопшти дека цената на маслиновото масло вртоглаво се искачи во ...

Србија очекува да привлече огромна работна сила од Македонија и од Албанија. Нашиот северен сосед се подготвува да им ја отвори вратата на работниците од Македонија и од Албанија, со цел да привлече квалитетна работна сила и да ја засили својата економија. Оваа иницијатива е резултат на Отворен Балкан, кој овозможува слободен пристап до пазарот на труд помеѓу земјите на Западен Балкан. Српскиот вицепремиер и министер за финансии, Синиша Мали, на ...

НЛБ банка денес почнува со исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита. Своите пари корисниците во секое време можат да ги подигнат од банкоматите. Заради поголема заштита и намалување на гужвите во експозитурите, од Банката ги известуваат клиентите дека исплатата ќе се реализира согласно определениот редослед. Распоредот е направен по азбучен редослед, според првата буква од презимето на корисниците и тоа: вторник (5 ...

Од 1 март, 10-те најбогати луѓе на планетата вредат вкупно 1,56 трилиони долари, 115 милијарди долари повеќе отколку еден месец порано. Новина е што првиот човек на американската корпорација Мета Марк Цукерберг напредуваше за едно место, додека Индиецот Мукеш Амбани се врати во топ 10 најбогати за прв пат во последните две години. Исто така, Илон Маск ја загуби титулата најбогат човек на светот во јануари, бидејќи акциите на неговиот ...

ОВЕН Емоцијата ве спречува реално да процените што всушност се случува на вашето работно место, но таа е поврзана со можноста за издигнување на нова професионална позиција. Не ја пропуштајте. Ако не ги ставите емоциите под контрола, способни сте за екстремни изјави со неповратни последици. БИК Имате тенденција да покажувате агресија и одмаздољубивост. Комуницирањето и познанстввата се причина за измами, проследени со разочарувања од ваша страна, ...

Стапката на инфлација во Турција овој февруари се искачи на 67,07%, објави денеска турскиот институт за статистика „Туркстат“. Инфлацијата во оваа земја е највисока во последните 15 месеци. Највисок годишен раст на цените е забележан во комбинираниот сектор хотели, кафулиња и ресторани од 94,78%, потоа образование со 91,84%, додека стапката за здравство е 81,25% и транспорт 77,98%, покажуваат податоците на Заводот за статистика. Потрошувачките ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
2.57
33%
1012
weather icon

Белград

22ᴼ / 19ᴼ
2.06
46%
1013
weather icon

Загреб

20ᴼ / 19ᴼ
5.66
44%
1012
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
63%
1013
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.14
58%
1013
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
4.12
56%
1012
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
5.66
47%
1012
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
49%
1015
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
43%
1014
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
2.24
58%
1012
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
5.14
47%
1012
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
5.14
72%
1011
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1047.00

Злато

106834.35

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

174417.80

Цинк

2.52