
Скопје
5ᴼ /
5ᴼ



До УЕФА ЕУРО 2024 остануваат само неколку дена, а прогнозите за тоа кој ќе го освои турнирот доаѓаат од секоја можна страна. Нарачана од спортската технолошка компанија „Спортрадар“, вештачката интелигенција го предвиде новиот европски шампион. Според пресметките, кои се базираат на дури 10.000 одиграни симулации, селекцијата на Англија има најголеми шанси да го подигне трофејот на Европското. Ова е предвидувањето во 2.400 случаи од сите 10.000 ...
Американскиот технолошки гигант „Cisco“ создаде фонд од 1 милијарда долари за инвестирање во стартапи со вештачка интелигенција (ВИ). На овој начин, компанијата им се придружува на големите играчи во индустријата кои брзаат да стекнат акции во мали компании за вештачка интелигенција. Преку својата инвестициска група, „Cisco“ инвестираше во „Cohere“, „Mistral AI“ и „Scale AI“, меѓу другите компании. Компанијата веќе вети речиси 200 милиони долари ...
Комерцијална банка АД Скопје периодов е во фокусот на јавноста поради интересот за нејзината акција и изборот на менаџментот. Деновиве за претседател на Надзорниот одбор (НО) беше избрана професорката Александра Максимовска-Стојкова, а за нејзин заменик, Ванчо Чифлиганец, управител на Адора Инженеринг ДООЕЛ, која е најголем акционер во Банката. Друг член на НО на Банката, Фатмир Етеми, сопственикот на ЗСФ КОМ ДООЕЛ пак деновиве купи нови 84 ...
На девизните пазари, индексот на доларот се движеше околу најниското ниво во последните осум седмици во однос на кошницата од најважните светски валути во петокот, пред клучниот извештај за вработувањата во САД, кој треба да обезбеди насоки за инвеститорите во врска со намалувањето на каматните стапки на американската централна банка во септември. Индексот на доларот, кој ги следи перформансите на американската во однос на шесте најважни светски ...
Најновата кинеска соларна централа има годишен капацитет од повеќе од 6 милијарди киловат часови, што е доволно за снабдување со електрична енергија на мала земја, Фабриката во пустинскиот регион на северозападната кинеска провинција Ксинџијанг зафаќа 200.000 хектари, површина еднаква на Њујорк или на паркот на природата Велебит. Комплексот од 5 GW беше поврзан со кинеската мрежа во понеделникот и е доволно моќен за да ги задоволи потребите за ...
Рускиот бизнисмен Денис Штенгелов преку компанијата Flexway adriatic стана сопственик на 75 отсто од хрватската компанија „Звечево“. Акциите ги купи од Здравко Алвир по цена од 38,71 евро за акција. Токму толку ќе треба да им платат на малите акционери за купување на нивните акции, потврдија од Хрватската агенција за супервизија на финансиските услуги. Алвир ја продаде компанијата за 11 милиони евра. Штенгелов ја контролира и КДВ, голема ...
Европската централна банка (ЕЦБ) се очекува да ги намали каматните стапки за прв пат по пет години. Овој потег има за цел да и даде на еврозоната многу неопходен економски поттик преку стимулирање на пазарот на недвижности, инвестициите и потрошувачката додека блокот се бори да излезе од стагнација, пренесува Белга, објави Кликс.ба. Слабиот раст на продуктивноста, забавувањето на инвестициите, индустријализацијата предводена од државата во Кина ...
Руската економија ја престигна Јапонија и стана четврта по големина во светот во однос на PPP (паритет на куповна моќ), според ревидираните податоци на Светската банка, објавени на почетокот на јуни. Како што објави bne IntelliNews во август, Русија веќе ја престигна Германија и стана петта по големина економија во приспособени услови. Погодена од повеќекратни шокови неодамна и отсечена од евтиниот руски гас, Германија сега стагнира и падна на ...
ОВЕН Мора да ги промените плановите и да работите дополнителна работа која ќе ви донесе добри приходи до пладне. Не ја одбивајте, за да не жалите за неуспешната можност за материјално стабилизирање. Оние од вас кои се занимаваат со научна дејност не треба да иницираат промени, бидејќи тие нема да бидат успешни. БИК Успесите ви се најмногу во материјалната сфера. Денот ви овозможува да подготвите договори кои ве обврзуваат со финансиски и ...
Среде загриженоста дека вештачката интелигенција е закана за бројни работни места и за уметничкото изразување, платформата Фанвју го организира првиот избор на Мис вештачка интелигенција (Miss AI) и сега ги објави десетте финалистки, кои доаѓаат од осум држави. Меѓу нив се дигитално создадени модели од Франција, Португалија, Турција, Романија, Мароко, Бразил, Индија и Бангладеш. Тие биле избрани од 1.500 апликации поднесени од креатори на ...
„ОпенАИ“ објави дека лансираше нов модел со вештачка интелигенција наречен ГПТ-40, како и ажурирања кои вклучуваат нова десктоп услуга и унапредувања на способностите на неговиот гласовен асистент. Шефицата на технолошкиот оддел на компанијата Мира Мурати кажа дека новиот модел е чекор напред во вештачката интелигенција. „Новиот модел ќе биде побрз и бесплатен за сите корисници. Гледаме во иднината на интеракцијата помеѓу нас и машините. Сметаме ...
Ќе се менува Статутот на најстарата и една од најголемите банки во земјава, Стопанска банка Скопје. Наместо четворица, Управниот одбор на оваа банка ќе брои седум членови. Тоа е одлука која била усвоена на акционерското Собрание кое се одржа во петокот минатата недела, а која банката ја објави за инвеститорската јавност преку Македонската берза за долгорочни хартии од вредност. Всушност, акционерите усвоиле статутарна одлука за изменување на ...
Германската државна банка KfW соопшти дека продала 110 милиони акции во „Deutsche Telekom“, а приходите од 2,43 милијарди евра треба да се искористат за зајакнување на капиталот во „Deutsche Bahn“ и модернизација на железничката мрежа во земјата. Акциите се продадени по цена од 22,13 евра, а пакетот одговара на сопственички удел во „Deutsche Telekom“ од 2,2 отсто, се наведува во соопштението на KfW објавено во понеделникот вечерта. Цената на ...
Третиот најголем тур-оператор во Европа – германската „ФТИ груп“ поднесе барање до регионалниот суд во Минхен за стечај, јави БТА, повикувајќи се на Ројтерс и ДПА. Причина за стечајот е намалувањето на резервациите, како и бројните побарувања за авансни плаќања од добавувачите, кои компанијата не може да ги исполни. Стечајот значи дека од утре ФТИ нема да може да ги исполни или само делумно да ги исполни веќе резервираните патувања, што ...
Дигиталната технологија сѐ повеќе влијае врз финансиската индустрија. Модернизацијата на плаќањата е особено изразена и зема сѐ поголем замав и во нашата економија. Според податоците од платежната статистика за 2023 година на Народната банка, забележано е зголемување на безготовинските платежни трансакции од 16%, во споредба со 2022 година, односно 87 трансакции по глава на жител. Според глобалната база на податоци „Финдекс“ на Светската банка, ...
Индексот на доларот, кој го мери курсот на доларот во однос на шесте најважни светски валути, претпладнево изнесува 104,14 поени, откако во вторникот ослабе на најниското ниво во речиси два месеца од 103,99 поени. Неодамнешното јакнење на доларот во следните 12 месеци би можело да попушти, велат валутни стратези во анкетата на Reuters, кои генерално се согласни дека доларот е преценет. „Доколку инфлацијата остане, тоа можеби нема да го поттикне ...
Некои луѓе постојано сакаат другите да им бидат посветени и на располагање, не сакаат да бидат во втор план. Според астрологијата, луѓето родени во знакот на Лав, Овен, Близнаци и Шкорпија сакаат очите на сите да бидат вперени во нив. Лав Не е чудно што се наоѓа на врвот на оваа листа. Лавовите сакаат секогаш да се во право, да бидат во центар на вниманието. Што и да прават, мора да добијат внимание. Не им е важно дали ќе добијат добро или лошо ...
Да ги игнорираме продавниците и трафиките кои немаат терминали за плаќање со картички и оние што не дозволуваат плаќање со картичка кога сакаме да купиме весник или шише вода, со образложение дека мора да направиме сметка од најмалку 200 – 300 денари, велат банкарите. Според нив, сите банки кои имаат лиценца за прифаќање картички, уредите ги даваат без надомест, а волја на малопродажниот објект е дали ќе ги прифати или не. -Многу е едноставно. ...
Овен Во овој период можете да се посветите на сè што сте планирале, а сте го запоставиле поради деловните активности. Обидете се повторно да се фокусирате на себе и на вашите планови за иднината, особено кога станува збор за љубовните врски. Бик Љубоморни сте на сè што е поврзано со работата и луѓето кои ви создаваат пречки во однос на работата. Обидете се да ги преиспитате вашите работни и деловни планови бидејќи многу работи не се онакви какви ...
Социјалните мрежи живеат од рекламирање, односно од прикажување персонализирани реклами на своите корисници и секогаш се трудат да најдат баланс помеѓу прикажувањето реклами што ќе им донесе приход и ненаметливоста, за да не го расипат корисничкото искуство. Инстаграм беше доста добар во врска со тоа досега, и тешко е да се разликува спонзорираната содржина од редовните објави на оваа мрежа, но се чини дека тоа може да се промени, а корисниците ...
Во текот на последните неколку години, каматните стапки на кредитите останаа стабилни, без значителни промени кои би можеле да ја олеснат финансиската тежина врз граѓаните. Според последните најави од Европската централна банка, иако се очекува намалување на каматите во јуни, експертите предупредуваат дека ова нема да резултира со директно и значајно намалување на трошоците за кредитите во Македонија. Економските аналитичари објаснуваат дека ...
Годишната стапка на инфлација во Турција надмина 75 отсто во мај. Според проценките на властите, цените на стоките за широка потрошувачка го достигнаа својот врв, а во јуни се очекува намалување на инфлацијата, пренесе француската новинска агенција АФП. Според официјалните податоци, годишната стапка на инфлација во мај изнесувала 75,45 отсто, откако во април била 69,8 отсто. На месечна основа, цените на производите за широка потрошувачка се ...
ОВЕН Moжeби дeнec cpeќaтa нeмa дa ви дojдe oнaĸa ĸaĸo штo ja oчeĸyвaтe, нo ceпaĸ мoжeтe дa cмeтaтe нa нea. Oвoj дeн мoжe дa ce oтвopaт пpeĸpacни изглeди зa пpoшиpyвaњe нa copaбoтĸaтa или пapтнepcтвoтo. БИК Дeнecĸa sвeздитe coвeтyвaaт дa внимaвaтe нa pyтинaтa, ĸaĸo штo ce дeтaлитe oд ceĸojднeвниoт живoт, ceĸojднeвнитe oбвpcĸи. Bтopaтa пoлoвинa oд дeнoт мoжe цeлocнo дa ce пocвeти нa пpиjaтнa ĸoмyниĸaциja co caĸaнaтa личнocт. БЛИЗНАЦИ Πpвaтa ...
На девизните пазари и натаму се исчекува заседанието на Европската централна банка (ECB) во четврток и намалувањето на каматните стапки за четвртина процентен поен, на 3,75 отсто. Во такви услови, курсот на еврото зајакна за 0,1 отсто во однос на доларот, на 1,0912 долари. Од почетокот на јуни единствената европска валута веќе зајакна во однос на американската за 0,65 отсто. Курсот на доларот се движи околу најниското ниво од март во однос на ...
Европската централна банка се очекува да започне со намалување на каматните стапки во еврозоната од историски највисоки нивоа оваа недела, но лепливата инфлација значи дека овој потег веројатно нема да започне брз циклус на олеснување. Креаторите на политиката се подготвени да ги намалат трошоците за задолжување во еврозоната за четвртина процентен поен на 6 јуни, со што основната депозитна стапка ќе достигне 3,75 отсто од сегашното рекордно ...
Според резултатите презентирани денеска на Годишното акционерско собрание, зад НЛБ Банка Скопје е уште една успешна година која ја одбележаа силната кредитна поддршка за бизнисот и населението и одржливото и одговорно делување, што резултираше со раст во сите сегменти од работењето и остварена нето-добивка од 52,3 милиони евра. На денешното Собрание на акционерите беше усвоена Одлука за определување износ на дивиденда за 2023 година во висина од ...
Осум инфлуенсери на TikTok поднесоа тужба против американскиот закон со кој ќе се забрани апликацијата освен ако не се продаде на американска компанија. Инфлуенсерите велат дека на овој начин би ги изгубиле изворите на приходи, а со тоа и егзистенција. Тие, исто така, велат дека законот навлегува во првиот амандман на САД, нарекувајќи ја загриженоста на пратениците „шпекулации“ и потсетувајќи дека судовите претходно блокирале некои обиди за ...
Југословенскиот динар беше валута која почна да се користи во Кралството СХС од 1920 година, а потоа се користеше во Кралството Југославија, социјалистичка Југославија, а потоа и во Сојузна Република Југославија. Се променија имињата на државите, но не и динарот, кој доби култен статус и престана да биде „југословенски“ кога Србија го замени со српскиот динар, а Црна Гора со евро, години по распадот на поранешна Југославија. На почетокот на ...
Иако пазарот на ЕУ е унифициран, цените на основните прехранбени производи се различни. И излегува дека исто толку колку е поголем и побогат пазарот, толку е поевтина храната. А сиромашните плаќаат значително повеќе. Тешко е да се поверува дека постои единствен пазар во Европската унија кога Холанѓаните плаќаат 70 отсто повеќе од Германците за шише Кока-Кола. Холандскиот министер за економија Мики Адриансенс тврди дека холандските клиенти се ...
Развој на политики кои ќе ги стимулираат жените да се вратат на пазарот на труд, поддршка од државата и работодавачите во однос на обврските на жената во семејството, адресирање на сите извори на родовите разлики и дизајнирање на нови иновативни технолошки решенија кои ќе овозможат поголема финансиска инклузија на жените, се политиките кои ќе придонесат кон поголема вклученост на жените во економијата, а со тоа и забрзување на економскиот раст, ...