Високи температури низ цела Македонија најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за утре, 12 август (среда). УХМР прогласи портокалов аларм за временските услови на целата територија на државата, а тој е на граница од црвен, за што е потребно два дена по ред да се измерат температури над 40 степени. Прогнозата на УХМР е дека температурата ќе се искачи до 40-тиот степен во Гевгелија и во Демир Капија, на крајниот југ на државата. ...

По краткиот период со посвежи утра, летото повторно го засилува темпото. Денеска во поголем дел од Македонија ќе преовладува сончево и топло време, а највисоките температури ќе се искачат до 34 степени. Утрото ќе биде попријатно, со температури околу 18 степени во одделни подрачја. Во текот на денот се очекува појава на мала до умерена облачност, додека ветерот ќе биде слаб до умерен, претежно од северен правец. Во Скопје максималната ...