Годишната инфлација во Албанија во октомври 2026 година изнесувала 3,4 отсто, покажуваат податоците на албанскиот Институт за статистика INSTAT, објавени на 9 ноември. Во истиот месец минатата година годишната стапка изнесувала 2,3 отсто, што укажува на забрзување на растот на потрошувачките цени. На месечно ниво, од септември до октомври 2026 година, индексот на потрошувачките цени се зголемил за 0,5 отсто. Податоците се добиени од ...

Во Охрид на 9 ноември беше поставен камен-темелник за нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“, инвестиција вредна над 10 милиони евра. На настанот присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски, кој најави продолжување на институционалната поддршка за проекти што придонесуваат за економскиот развој. Новиот погон треба да го прошири производствениот капацитет на компанијата со примена на современа роботизирана технологија. „АСП-ПАК“ ...

Македонските градежни компании во првите девет месеци од 2026 година извршиле градежни работи во странство во вкупна вредност од 33,1 милион денари, што претставува намалување од 64,9 отсто во споредба со истиот период минатата година. Податоците ги објави Државниот завод за статистика на 10 ноември. Уште поголем пад е регистриран кај договорените градежни работи во странство. Нивната вредност од јануари до септември изнесувала 33,1 милион ...

Македонија во второто тримесечје од 2026 година имала 708.698 вработени лица, но дури 101.022 од нив биле неформално вработени. Податоците се од Државниот завод за статистика – ДЗС, а кога ќе се претворат во однос, покажуваат дека приближно секој седми вработен во земјата работел неформално. Уште повпечатлив е податокот каде се концентрирани овие луѓе: 51.487, односно 51 процент од сите неформално вработени, биле во секторот земјоделство, ...

Од денеска се отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола и во Тетово и Струмица, покрај шалтерите во Битола, коишто работат од 6 ноември. На овие шалтери граѓаните коишто немаат платежни картички можат да подигнат до 20.000 денари. Исплатата на средствата во сите три града се одвива непречено и според утврдениот распоред. Во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имаше краткотрајно доцнење поради логистичка организација, ...

Денеска продолжи исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола кои имаат платежни сметки во Банката, а не располагаат со платежни картички. Исплатата се врши на шалтерите во Битола, а од денеска и во Тетово и во Струмица, каде што граѓаните можат да подигнат до 20.000 денари. Во текот на денешниот ден, во трите града се реализирани вкупно 750 исплати. Исплатата се одвива непречено, со добра организација и согласно утврдената ...

ЈП „ЖРСМ Инфраструктура“ има акумулирана загуба од приближно 4,725 милијарди денари, покажува соопштението на Државниот завод за ревизија објавено на 5 ноември. Само во 2024 година загубата изнесувала околу 188,8 милиони денари. Ревизорите утврдиле и застарена, недоволно одржувана и делумно нефункционална железничка инфраструктура, со ограничувања на брзината и прекинат сообраќај на одредени делници. Извештајот открива дека вредноста на ...

Во септември 2026 година се издадени 253 одобренија за градење, што е за 19.4 % помалку во однос на истиот месец од претходната година, извести ДЗС. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 527 792 илјади денари, што е за 36.4 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 166 (65.6 %) се наменети за објекти од високоградба, 26 (10.3 %) ...

Управата за јавни приходи на 6 ноември го објави огласот број 10/2026 за продажба на движни и недвижни ствари преку електронски јавни аукции. Заинтересираните граѓани и правни лица можат да ја разгледаат документацијата на официјалната интернет-страница на УЈП и да го користат специјализираниот портал e-aukcii.ujp.gov.mk. Преку порталот се овозможува преглед на активните аукции, онлајн разгледување на достапните предмети и регистрација за ...

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Јовица Андовски оставри работна средба со првите луѓе на Ветеринарната комора, кои денес одржаа мирен протест пред Агенцијата за храна и ветеринарство. Прифатени беа неколкуте барања поставени од Комората со цел продолжување на започнатиот дијалог и решавање на актуелните проблеми кои ги истакнаа претставниците на приватната ветеринарна пракса. Како што информира директорот на АХВ, во најкус рок ...

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ од по 12.000 денари, наменети за поддршка на младите стручни кадри од областа на електротехниката. Одлуката официјално беше презентирана на денешната средба на која присуствуваа ректори, декани, професори и ...

Со над 30 домашни и меѓународни говорници и повеќе од 80 партнери, деветтото издание на конференцијата го потврди својот континуиран раст и значење за регионалната дигитална економија Деветтата Регионална конференција за е-трговија, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ), заврши со рекорден број учесници, говорници и партнери. Настанот, кој се одржа на 3 ноември во Скопје под мотото „From Wait to Go: E-commerce ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека опозицијата инсистира на отворање истрага од страна на Обвинителството и прашуваат како Мацура добил лиценца, изјави: „Видете најпрвин сакам да кажам дека изминативе денови бев многу, лично фокусиран на предметот за „Алта банка“. И денеска сум голем оптимист дека, за жал од опозицијата ќе бидат ...

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за просечно намалување на максималните малопродажни цени на нафтените деривати за 7,51 отсто, отворајќи простор за пониски оперативни трошоци кај транспортните, логистичките и другите компании што користат горива во своето секојдневно работење. Новите цени ќе важат од 10 ноември 2026 година, од 00:01 часот, а најголемо апсолутно намалување по литар е предвидено кај бензините. ЕУРОСУПЕР БС-95 ...

Работодавачите во Македонија имаат рок до вторник, 10 ноември, да ја поднесат месечната пресметка за интегрирана наплата на придонесите и данокот од плати за претходниот месец. Обврската се однесува на образецот МПИН и е наведена во официјалниот даночен календар на Управата за јавни приходи. УЈП го наведува 15-тиот ден во месецот како редовен рок за плаќање на обврските од месечната пресметка. Бидејќи 15 ноември 2026 година е недела, според ...

Од понеделник, 9 ноември 2026 година, започнува примената на нови платни налози за уплата на царински давачки и готовински депозити. Царинската управа ги извести економските оператори, царинските застапници и останатите уплатувачи дека досегашниот образец ПП50 се заменува со платен налог за кредитен трансфер кон буџетските корисници, означен како КТБ – Образец број 7. Промената се спроведува согласно новите правила за платежни трансакции ...

За да живеете почист и поздрав живот, не мора да го превртите животот наопаку. Малите, но редовни еко активности можат да ви помогнат не само да го одржите чист домот, дворот или влезот од зградата, туку и да се чувствувате подобро со себеси бидејќи придонесувате на позитивен начин кон заедницата. Нашата редакција заедно со Пакомак подготви неколку еко совети кои можете да ги прочитате во текстот подолу: Секогаш кога ќе помислите дека ...

Од понеделник, 9 ноември, стапуваат во примена најавените олеснувања за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, која работи под привремена администрација на Народната банка. Неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со платежни картички се зголемува од 10.000 на 15.000 денари. Во Тетово и Струмица е најавено отворање шалтери наменети за клиентите што немаат платежни картички. Преку овие шалтери е предвидена можност за подигање до 20.000 ...

Веќе четврта година по ред, добрите Black Friday зделки на Ananas не се сведуваат на само еден ден, туку ги има во текот на целиот ноември. Оваа година, фокусот е уште појасен – помалку внимание на големите проценти, а повеќе на цената што навистина ја плаќате. Онлајн купувањето одамна е дел од секојдневието на генерацијата Z. Младите редовно откриваат нови производи преку социјалните мрежи и следат препораки од инфлуенсерите, рекламите и ...

Компанијата OpenAI на 6 ноември најави партнерство со компанијата за сајбербезбедност Hacktron, чија цел е откривање ранливости во системите и подобрување на нивната заштита. Безбедносните истражувачи од двете компании ќе работат на избрани области со висок приоритет, со посебен акцент на поврзувањето на системите за вештачка интелигенција со надворешни услуги. Соработката опфаќа и проширен пристап на истражувачите до напредни модели за ...

Европската комисија на 6 ноември соопшти дека започнала преговори за проширување на режимот „Roam Like at Home“ на шест партнери од Западен Балкан: Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово. Целта е граѓаните што патуваат меѓу ЕУ и регионот во иднина да можат да користат повици, пораки и мобилен интернет без дополнителни роаминг-надоместоци. Европската комисија нагласува дека прво треба да се постигнат договори, ...

Централната банка на Косово на 6 ноември соопшти дека официјално ја поднела апликацијата за вклучување на Косово во географскиот опфат на единствената европска област за плаќања во евра, позната како SEPA. Институцијата го оцени чекорот како важен за приближување на финансискиот систем до европската платежна инфраструктура. SEPA овозможува стандардизирани плаќања и трансфери во евра меѓу учесниците во системот. Сепак, поднесувањето ...

Две кандидатури се доставени за функцијата претседател на Европската централна банка, соопшти претседателот на Еврогрупата на 6 ноември. Кандидати се Пабло Ернандес де Кос од Шпанија и Клас Кнот од Холандија. Постапката следува по известувањето дека Кристин Лагард планира да се повлече од функцијата до 7 февруари 2027 година. Еврогрупата треба да ги разгледа кандидатурите на состанокот закажан за 9 ноември. Конечната одлука не е донесена, а ...

Албанија предвидува буџет од 848,5 милиони леки за програмата за развој на туризмот во 2027 година. Според информациите претставени од министерот за туризам, култура и спорт Бленди Гонџја, средствата ќе бидат насочени кон меѓународна промоција, развој на туристички производи, управување со дестинациите и дигитализација на услугите. Меѓу најавените проекти е националната платформа „eVisitor“, наменета за електронска регистрација на гостите во ...

Бугарскиот премиер Румен Радев на 6 ноември соопшти дека со предлог-буџетот за 2027 година се планира речиси двојно зголемување на средствата за науката. Според владината информација, предвиденото зголемување изнесува 62 милиони евра. Мерката е дел од најавените буџетски приоритети за модернизација на економијата и развој на високотехнолошки дејности. Меѓу проектите што ги посочи владата се развој на инфраструктура за вештачка интелигенција, ...

Цените на угостителските услуги во Македонија во октомври 2026 година биле пониски за 1,8 отсто во однос на септември, покажуваат последните достапни податоци на Државниот завод за статистика, објавени на 5 ноември. Најизразено било намалувањето кај ноќевањата, каде што статистиката регистрирала пад од 9,9 отсто на месечно ниво. За разлика од ноќевањата, цените на храната и безалкохолните пијалаци во угостителските објекти пораснале по 0,1 ...

Промената на цената на суровата нафта не се пренесува автоматски и во ист процент врз горивото што го точиме. Бензинот и дизелот се готови производи со сопствени пазарни котации, а домашната пресметка вклучува и други елементи. Затоа наслов за поевтин барел не е доволен за да се пресмета колку ќе чини еден литар на бензинска станица. Во објавената одлука за горивата од 2 ноември одделно се прикажани набавните цени, трошоците за работење преку ...

Денешниот понеделник носи нова редовна пресметка на максималните малопродажни цени на нафтените деривати во Македонија. Регулаторната комисија за енергетика се очекува да утврди дали актуелните цени ќе останат непроменети или од вторник ќе следува ново поскапување или поевтинување. Во фокусот повторно е дизелот, чија максимална цена моментално изнесува 100 денари за литар. За транспортните компании, земјоделските производители и ...

Грчкиот министер за национална економија и финансии и претседател на Еврогрупата, Кирјакос Пиеракакис, заминува во Брисел за состаноците на европските финансиски министри. Во најавената агенда се издвоени економските изгледи, инфлацијата и финансирањето на европската одбрана. На Екофин се предвидени разговори за ревизија на европското оданочување на тутунските производи, вклучувајќи ги новите категории производи. Најавени се и теми поврзани ...

Изнајмувањето викендичка за четири лица за новогодишната ноќ во Бања Лука, според моментално достапните понуди, се движи од 300 до 1.000 конвертибилни марки. Разликите зависат од објектот, локацијата и содржините, додека за организиран дочек се најавува влезница од околу 100 марки по лице. Угостителите нудат и одделни пакети за деловни прослави во декември. Во објавените примери се наведуваат 70 марки по лице во еден салон и 80 марки плус ДДВ ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
93%
1014
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
3.09
90%
1006
weather icon

Загреб

10ᴼ / 8ᴼ
1.03
92%
1004
weather icon

Софија

10ᴼ / 9ᴼ
0.51
82%
1012
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
1.39
95%
1010
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
0.51
97%
1004
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
1.79
88%
1017
weather icon

Тирана

17ᴼ / 15ᴼ
2.06
95%
1013
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
100%
1012
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
93%
1010
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
97%
1006
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 16ᴼ
6.17
95%
1014
Currency

61.542

Currency

55.011

Currency

73.58

Currency

37.864

Currency

38.855

Currency

66.756

Currency

8.2532

Currency

0.6642

Currency

0.34667

Currency

0.5238

Currency

1.0952

Currency

0.58643

Калај

46.56

Цинк

3.77

Иридиум

321507.47

Рутениум

61086.42

Родиум

300609.48

Алуминиум

3.04

Сребро

1680.82

Бакар

12.62

Злато

129229.93

Платина

49801.51

Кобалт

33.53

Паладиум

33854.74