Промената на цената на суровата нафта не се пренесува автоматски и во ист процент врз горивото што го точиме. Бензинот и дизелот се готови производи со сопствени пазарни котации, а домашната пресметка вклучува и други елементи. Затоа наслов за поевтин барел не е доволен за да се пресмета колку ќе чини еден литар на бензинска станица. Во објавената одлука за горивата од 2 ноември одделно се прикажани набавните цени, трошоците за работење преку ...

Цената на дизелот во Австрија е значително повисока отколку во 2008 година, иако суровата нафта денес чини приближно колку и тогаш. Оваа разлика повторно ја отвори дебатата за тоа кој најмногу заработува од поскапувањето на горивата и дали државата, Европската Унија или нафтените компании се одговорни за високите сметки на возачите. Според споредбата на цените, одговорот не е толку едноставен, а главната причина не се наоѓа ниту во даноците ...