
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Политиките коишто ги водеше и силниот кредибилитет на Народната банка придонесоа за закотвување на инфлациските очекувања и стапката на инфлација од 19,8 отсто во 2022 година, се сведе на 2,2 отсто во август годинава. Ова беше посочено од директорот на Меѓународниот монетарен фонд за Европа, Алфред Камер, кој на маргините на Десеттата меѓународна конференција на високо ниво, во организација на Народната банка, се сретна со гувернерката Анита ...
Курсната листа на Народната банка на Република Северна Македонија се формира и објавува согласно Одлуката за начинот на формирање и објавување на курсевите на Народната банка на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/14, 102/14, 14/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 83/22). Курсна листа на Народната банка на Република Северна Македонија формирана на 01.10.2024 која се применува од ...
Пензионерите во Република Северна Македонија од денеска добиваат зголемени пензии за 2500 денари. Согласно, Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското иинвалидското осигурување, околу 340.000 пензионери кои се стекнаа со правото на пензиско осигурување заклучно со 31 август, се опфатени со линеарното покачување на пензиите. Овие законски измени предвидуваат линеарно зголемување на пензиите во м. Септември и м. Март. ...
А1 Македонија четврта година по ред ги отвори вратите за младите таленти за да се стекнат со практично знаење и да добијат можност својата кариера да ја градат во рамките на компанијата и Групацијата А1. Оваа година, 8 практиканти својата кариера ќе ја градат во една од следниве области во дигиталниот свет: автоматизација, анализа на податоци и виртуелизација, Infrastructure & Cloud, технолошки сервиси и бизнис-маркетинг. „Горди сме на ...
Кога граѓаните подигнуваат станбени кредити, банките бараат задолжително осигурување на имотот, познато како хипотекарна полиса. Ова осигурување ги покрива основните ризици, како пожар и други структурни оштетувања на самата зграда или стан. Целта на оваа полиса е да се обезбеди заштита на средствата што банката ги позајмува преку кредитот, така што осигурувањето се фокусира на структурата на имотот, а не на содржината внатре. Меѓутоа, оваа ...
Одборот на директори на групата „Меѓународни винарници за борба против климатските промени“ (IWCA – Interational Wineries for Climate Action) ѝ додели на винарската визба „Тиквеш“ сертификат за т.н. сребрено членство во оваа организација, во која членуваат 40-ина водечки светски винарници. „Тиквеш“ е единствена винарница од регионот која успеала да ги задоволи критериумите за членство во оваа група, а сега да добие и унапреден статус. ...
Независноста и кредибилитетот на централните банки во регионот на Југоисточна Европа (ЈИЕ) беа столбовите врз основа на кои тие ги спроведоа политиките за справување со последните глобални економски шокови, со кои за само една година се намали најголемата инфлација во изминатите пет децении на едноцифрени стапки, а притоа беа избегнати рецесии и беше задржана финансиската стабилност. Ова беше посочено на отворањето на Десетата меѓународна ...
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во август 2024 година, во однос на август 2023 година, изнесува 99.5. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во август 2024 година, во однос на август 2023 година, бележи пораст од 4.8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1.3 %, додека опаѓање бележи во секторот ...
Објавено е редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција. На крајот на вториот квартал од 2024 година: На 30.6.2024 година, нето надворешниот долг изнесува 4.481 милион евра (или 30,8% од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во вториот квартал од 2024 година е зголемен за 109 милиони евра, или за 2,5%. Од аспект на структурата, ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.09.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,50 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,50 денари/литар. Малопродажната цена на ...
Народната банка и Министерството за финансии традиционално, дванаесетта година по ред, по повод одбележувањето на Светскиот ден на штедењето – 31 октомври го објавија Конкурсот за учениците од основното и средното образование. Целта на Конкурсот е да се поттикне креативноста, имагинацијата, како и интересот на учениците за штедењето и едукација на младите за овој сегмент во финансиската сфера. Учениците од основното образование може да испратат ...
Гувернери на централни банки, високи претставници на меѓународните финансиски институции и меѓународната академска заедница ќе зборуваат за повеќе актуелни прашања на утрешната, јубилејна, Десетта меѓународна конференција на тема „Централните банки и централнобанкарското работење во комплексно опкружување: покажување посветеност и одржување на кредибилитетот“, којашто традиционално ја организира Народната банка, оваа година во соработка со ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија, грејната сезона започнува на 15 октомври 2024 и завршува на 15 април 2025 година. Но доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 ºС, тогаш грејната сезона може најрано да ...
Како што покажуваат најновите податоци, на девизните пазари доларот ослабна во однос на кошничката валути четврта недела по ред, при што најмногу падна во однос на јенот бидејќи се проценува дека јапонската централна банка наскоро може да ја заостри монетарната политика. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела ослабна за 0,3 отсто, на 100,42 поени, блиску до најниското ниво ...
Богатството на извршниот директор на Мета платформата Марк Закерберг за прв пат ја надмина границата од 200 милијарди долари, објави Блумберг. Богатството на Цукерберг се зголеми речиси шест пати за помалку од две години на 201 милијарда американски долари. Според индексот на милијардери на Блумберг, тој се пресели на четвртото место на листата на 500 најбогати луѓе во светот по Илон Маск, Џеф Безос и Бернард Арно. Додека другите технолошки ...
Наменски дизајнираните маички со лајтмотив – индивидуалната енергија како експресија низ теоријата на бои – симболизираше пропусница за пикникот, преку која семејството алкалоидовци и пријателите до денес донираа околу 2 милиони денари. „Алкалоид“ АД Скопје ја продолжи хуманата мисија на 10-тиот по ред донаторски хепенинг по неколкугодишна пауза која се должеше на пандемиските ограничувања. Хуманитарниот пикник беше спроведен под закрила на ...
Курсната листа на Народната банка на Република Северна Македонија се формира и објавува согласно Одлуката за начинот на формирање и објавување на курсевите на Народната банка на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/14, 102/14, 14/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 83/22) Курсна листа на Народната банка на Република Северна Македонија формирана на 27.09.2024 која се применува од ...
ХАЛК БАНКА ги исплати пензиите уште на 27.09.2024. Да потсетиме дека пензиите за септември се покачени за 2.500 денари линеарно. – Почитувани пензионери Клиенти на Халкбанк АД Скопје, ве известуваме дека исплатата на пензиите на вашите платежни сметки ќе биде извршена денес 27.09.2024 и средствата ќе Ви бидат на располагање во сите Филијали на Халкбанк АД Скопје , преку Банкоматите и ПОС терминалите кај трговците, преку употребата на електронско ...
Американските граѓани и претставници на американската централна банка FED имаат причина да слават бидејќи инфлацијата почна да се намалува во август, охрабрувајќи ги креаторите на монетарната политика дополнително да ги намалат каматните стапки. Индексот на трошоците за лична потрошувачка (PCE), важен показател за инфлација за американската централна банка FED, се зголеми за 2,2 отсто на годишно ниво во август, забавувајќи се од 2,5 отсто во ...
Во Народната банка се одржа 52. сесија на Клубот на истражувачите, платформа на Народната банка за презентација и разгледување научноистражувачки трудови и поддршка на научноистражувачката дејност во земјава. На оваа сесија учесниците имаа можност да ја проследат презентацијата на трудот: „Дали платите го одразуваат растот на продуктивноста? − Споредба меѓу европскиот исток и запад“, од авторите Б. Треновски, Д. Глигорич, К. Кожески и Ѓ. Мерџан. ...
На 1.ви октомври 2024 година во вторник ќе биде исплатена септемвриската пензија која ќе биде зголемена за 2.500 денари за сите пензионери линеарно. Така на пример оние пензионери кои добиваа 20.000 денари пензија ќе добијат 2.500 денари повеќе односно 22.500 денари. Исто така на пример и пензионерите кои добиваа пензија од 40.000 денари сега ќе добиваат пензија од 42.500 денари/месечно. Некои од македонските банки пензијата ја исплаќаат и ден ...
Денеска цената на нафтата на светските берзи се стабилизира над 71 долар, балансирајќи меѓу најавеното зголемување на понудата и новите кинески стимулации кои треба да ја заживеат економската активност и побарувачката на енергетски производи. На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше пониска за 21 цент отколку на затворањето на тргувањето вчера и изнесуваше 71,39 долари. Вчера ја затвори трговијата во минус 1,86 долари. На ...
Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0.3 % на месечно ниво и за 4.1 % на годишно ниво. Во август 2024, во споредба со јули 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 1.3 %, Трајни производи за широка потрошувачи за 0.7 % и ...
„Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи започнува на 28 септември 2024, односно утре. Тоа значи дека утре е крајниот рок до кој купувачите и добавувачите треба да склучат нови договори за снабдување на земјоделски и прехранбени производи во кои на 10% е ограничен рабатот и дополнителните трошоци односно надоместоци. Листата на земјоделски и прехранбени производи содржи 2548 тарифни ...
Квалитетната статистика е клучна за процесот на носење добри одлуки и за водењето солидни економски политики. Оттаму, функционалниот статистички систем и соработката помеѓу институциите од тој систем се од суштинско значење за осмислувањето на јавните политики, но и за носењето деловни одлуки од приватниот сектор. Потпишувањето на новиот Договор за меѓусебна соработка и размена на податоци и публикациски материјали помеѓу Народната банка и ...
Врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици и последните расположливи податоци, Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука за задржување на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките во Република Северна Македонија во висина од 1,75%, којашто ќе се применува и во четвртото тримесечје од 2025 година. Противцикличниот заштитен слој на капиталот е макропрудентна мерка, со која се ...
Според општиот колективен договор наставниците септемвриската плата ќе ја земат покачена за 0.7%. Ова го најави во денешното телевизиско гостување Министерката за Образование Весна Јаневска. Се огласија и водците а СОНК: – Во врска со денешната потпишана Спогодба за вработените во основното и средното образование, би сакале да дадеме појаснување. Имено, во член 14 од Општиот колективен договор за јавниот сектор (кој во 2023 година беше потпишан ...
Курсната листа на Народната банка на Република Северна Македонија се формира и објавува согласно Одлуката за начинот на формирање и објавување на курсевите на Народната банка на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/14, 102/14, 14/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 83/22). Курсна листа на Народната банка на Република Северна Македонија формирана на 26.09.2024 која се применува од ...
Еве неколку практични совети за тоа како да заштедите сериозни пари за струја во текот на зимата: 1. Изолирајте го домот 2. Користете енергетски ефикасни уреди 3. Паметно греење 4. Искористете ги обновливите извори на енергија 5. Избегнувајте користење на уреди во период на пик тарифа 6. Исклучувајте уреди кои не ги користите 7. Оптимално користење на бојлерот Со овие практични мерки, можете значително да ја намалите потрошувачката на струја и ...
И Германија, најголемата европска економија, оваа година би можела да ја заврши со економски пад, имајќи предвид дека водечките германски економски институти ги намалија заедничките прогнози и сега веруваат дека нивната економија би можела да падне за 0,1 отсто на крајот на 2024 година. Во претходната пролетна прогноза, експертите беа пооптимисти и очекуваа германската економија да забележи раст од 0,1 отсто во 2024 година и 1,4 отсто во 2025 ...