По светската премиера на Сараево филм фестивал, документарниот филм „Добри луѓе“ на режисерот Милчо Манчевски вечерва беше прикажан и пред македонската публика, на премиера во Куршумли ан во рамките на Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“. Филмот, привлече големо внимание и бројна публика, која со посебен интерес и силни емоции ја проследи проекцијата. Преку реални приказни и непосредни човечки сведоштва за кочанската ...

Со минута молк за почит на жртвите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ по спонтан повик од публиката по проекцијата и со многу емоции, синоќа на Македокс во преполниот Куршумли ан беше проследена македонската премиера на „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски, документарец со сведоштва од преживеаните од најголемата несреќа во земјава со 63 жртви. Во разговорот по проекцијата, Манчевски се заблагодари на „Сапорт Кочани“ и рече дека без нив ...

Кај нас, последнве децени се случуваат многу драматични работи. За нив сите зборуваат, а најретко зборуваат тие на кои директно им се случува, кажа синоќа на „МакеДокс“ македонскиот режисер Милчо Манчевски на македонската премиера на документарниот филм „Добри луѓе“, кој го снимил еден месец по трагедијата во Кочани кога во дискотека загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Светската премиера на „Добри луѓе“ се случи минатата недела на ...

Кај нас, последнве децени се случуваат многу драматични работи. За нив сите зборуваат, а најретко зборуваат тие на кои директно им се случува, кажа синоќа на „МакеДокс“ македонскиот режисер Милчо Манчевски на македонската премиера на документарниот филм „Добри луѓе“, кој го снимил еден месец по трагедијата во Кочани кога во дискотека загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Светската премиера на „Добри луѓе“ се случи минатата недела на ...

– Без „Сапорт Кочани“, овој филм немаше да биде снимен бидејќи тие контактираа со лицата кои се согласија да ги споделат своите сведоштва. Од друга страна, имавме доверба од граѓаните на Кочани, кои препознаа дека не сакаме да правиме сензација, ниту да тераме политика, туку намерата ни беше да им овозможиме платформа преку која ќе ја искажат нивната болка, нивните чувства и тие да останат забележани како документ, посочи меѓу другото, ...

Македонската премиера на долгометражниот документарен филм „Добри луѓе“ на режисерот Милчо Манчевски се одржа на 23 август во Куршумли ан, во рамките на програмата на 17. „МакеДокс“. Филмот беше прикажан надвор од главната компетиција, но учествува за Награда за најдобри етички идеи на „МакеДокс“. По катастрофалниот пожар во ноќен клуб во Кочани, во кој животот го загубија 63 млади луѓе, овој филм сведочи за тагата што останува и за силата да ...

„Добри луѓе“ е сниман еден месец по кочанската трагедија, вели Манчевски и додава дека се чувствува почестено за довербата што му ја дале луѓето од Кочани за снимањето на филмот. Вели дека увиделе оти нема да се тера сензација ниту политика, туку дека филмот ќе биде медиум преку кој ќе можат да ја кажат својата приказна и да ја искажат болката. Иако не е документарист и вели дека има голема сомнеж кон овој жанр, Манчевски вели дека веднаш ...