Од донации за кампањата за парламентарните избори коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ собрала најмалку 34,8 милиони денари, покажува извештајот кој Коалицијата го доставила до Државниот завод за ревизија (ДЗР). Станува збор за првиот извештај кој го поднесуваат партиите, на 11. ден од кампањата. До ДЗР треба да достават и извештај за 20. ден од кампањата, како и финален по завршување на изборите. За Коалицијата ...

Коалицијата „Вреди“ која ја сочинуваат опозициските Алтернатива, Беса и поделената владејчка и опозициска Алијанса за Албанците, како и „симпатизерите„ на Самоопределување на косовскиот премиер Албин Курти, добила донации од најмалку 12 илјади евра, покажува извештајот кој Коалицијата го доставила до Државниот завод за ревизија. Станува збор за извештајот кој се поднесува на 11. ден од кампањата за парламентарните избори, а Коалицијата треба да ...

За претседателската кампања на кандидатот за претседател на Македонија на ГРОМ, Стевчо Јакимовски се донирани најмалку 986.000 денари или околу 16 илјади евра, покажуваат двата извештаи кои ги доставил до Државниот завод за ревизија. Станува збор за извештајот кој се поднесува на 20. ден од кампањата и на 11. ден, а по завршувањето на изборите требда да поднесе и финален. Тој самиот донирал 150.000 денари. Како донатори се јавуваат дваесетина ...

Вкупна сума од 1.500 евра пријавила коалицијата “Европски фронт“ предводена од владејачката ДУИ во првиот извештај кој Коалицијата го доставила до Државниот завод за ревизија. Станува збор за извештајот кој се поднесува на 11. ден од кампањата, а Коалицијата треба да достави извештај и на 20. ден од кампањта, како и финален кога ќе завршат истите. Од ДУИ за кампањата префрлиле 82 илјади денари за закуп на простор, а од други приходи имаат 8 ...

Коалицијата за европска иднина предводена од владејачката СДСМ од физички лица има донации од најмалку 9.225 денари, покажува првиот извештај кој коалицијата го доставила до Државниот завод за ревизија. Станува збор за извештајот кој партиите имаат обврска да го поднесат на 11. ден од кампањата. Тие доставуваат извештај и на 20. ден од кампањата, како и финален кога ќе завршат изборите. За Коалицијата донирала и фирмата Алекс турс – 49.815 ...