Утрински Весник
Магазин

Фамилијата на Шумахер во финансиска криза

Img 8226.webp.webp

Веќе 10 години се лечи Шумахер по несреќата на скијање и годишно за лечење се трошат повеќе од 7 милиони долари поради тоа почнуваат да ги продаваат часовниците кои му припаѓаат.

Вкупно осум часовници кои му припаѓаа на легендата на Формула 1 – Михаел Шумахер, се продадени на наддавање во Женева, вчера, за скоро четири милиони швајцарски франци (4,1 милион евра), соопшти аукциската куќа „Кристи’с“.

– Ова ја покажува страста на меѓународните колекционери за исклучителни часовници. Видовме обемна посетеност, особено од Америка, истакна Реми Гилемин, специјалист за часовници на аукциската куќа.

Примерок од „Ф.П. Џурн вагабондејџ“ – споменот за седумте светски шампионски титули во Ф1 на Шумахер, е продаден за 1,6 милиони долари.

Германскиот седумкратен шампион бил страстен колекционер на часовници, сѐ до тешката несреќа на скијање во декември 2013 година, по што тoj не е виден во јавноста. Но, највисоката цена – од 2,7 милиони долари, ја постигна стариот часовник „Патек Филип“ од розово злато.

Можете да прочитате

Тајкун и авантурист сакаат да се спуштат со подморница до остатоците од Титаник

Нутриционистите тврдат: Овие јаткасти плодови помагаат против запек

Мечка упадна во куќа во Калифорнија и излезе со колачиња