Граѓаните на Македонија во 2027 година ќе имаат пет можности за продолжен викенд од три последователни слободни дена, според календарскиот распоред на државните и верските празници. За вработените со вообичаена петдневна работна недела, од понеделник до петок, ова значи повеќе можности за кратки патувања, семејни собири и одмор без користење дополнителни денови од годишниот одмор. Првиот продолжен викенд ќе биде веднаш на почетокот на ...
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави нова законска мерка со која младите брачни двојки до 35 години ќе можат да купуваат станови по цени најмалку 20 проценти пониски од пазарните. Мерката беше најавена на 22 ноември, на 35. годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, која се одржа под мотото „Нашата генерација – нашата Македонија“. Според најавата, градежните компании ќе имаат обврска да издвојат ...
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Швајцарија, Кристоф Зомер. На средбата беа разменети мислења за унапредување на билатералните односи меѓу двете земји, со посебен акцент на продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена и отворање нови можности за инвестиции. Посебно внимание беше посветено на инфраструктурните проекти и ...
Студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) го посетија Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, каде што со министерката Сања Божиновска разговараа за енергетската сигурност, обновливите извори и енергетската ефикасност. На средбата се разговараше и за тоа како идните инженери можат да го применат знаењето од факултет во практиката. Дел од младите вработени во Министерството, кои претходно ...
Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата нема планови за организирање предвремени парламентарни избори и дека следното редовно изборно соочување со граѓаните е предвидено за април 2028 година. Според премиерот, актуелната власт добила доверба од граѓаните за четиригодишен мандат, поради што приоритет остануваат реализацијата на владината програма, економскиот развој и спроведувањето на реформите. Мицкоски: Имаме мандат да работиме ...
Работната средина треба да им овозможи на жените да напредуваат во кариерата без да се откажуваат од семејниот и личниот живот, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на настанот „Жените во корпоративното лидерство: Од сознанија до акција“. Настанот го организираше Women on Boards Adria (WOBA) во соработка со Европската инвестициска банка. Божиновска, која е и амбасадорка на WOBA за Македонија, ...
Нови детали од судскиот процес против поранешниот директор на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев. На рочиштето одржано на 23 ноември, Обвинителството презентираше електронски пораки и снимки од тајното следење, кои отворија дополнителни прашања за неговите активности додека извршувал јавна функција. Меѓу презентираните докази се нашла и комуникација во која се споменува сума од 9.000 евра за посредување при упис на факултет и ...
Одлучивме Македонија да ја развиваме, да ја движиме напред и мора да ги прифатиме предизвиците на новото време, а тоа се дигитализацијата и вештачката интелигенција, порача заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, обраќајќи се на конференција на Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам) за дигитална трансформација, која денеска се одржува во Скопје. Николоски истакна дека дигиталната ера и ...
Цигарите во Македонија треба значително да поскапат за да станат помалку достапни, особено за младите, порача претставникот на Светската здравствена организација (СЗО) во земјава, д-р Аким Али, на националната конференција посветена на намалувањето на пушењето. Тој предупреди дека состојбата со употребата на тутун во Македонија е загрижувачка, особено поради големиот број млади луѓе кои пушат, но и поради изложеноста на непушачите на чад од ...
Македонско-американските односи, стратешкото партнерство, билатералната соработка и можностите за нејзино натамошно унапредување, биле тема на денешната средба на претседателот на Владата Христијан Мицкоски со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија, Никол Варнс. Македонско-американските односи, стратешкото партнерство, билатералната соработка и можностите за нејзино натамошно унапредување, биле тема ...
Македонија ја очекува значителна промена на временските услови во наредните денови, со обилни врнежи од дожд, засилен ветер и дополнително заладување, кое за време на викендот ќе донесе и снег во делови од земјата. Според најновата временска најава на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од среда навечер започнува период на претежно облачно време со повремени врнежи, кои на одредени места ќе бидат пообилни. Во четврток обилни дождови, ...
Влен јавно одговори на писмото на Али Ахмети, претседател на Демократската унија за интеграција. „Вчерашното писмо на Али Ахмети, во кое тој јавно изнесува низа дилеми и невистини во врска со службената употреба на албанскиот јазик, е само пропаганден памфлет. Неговата цел е да ја зголеми конфузијата и да ги продлабочи поделбите и нејаснотиите кај граѓаните во врска со службената употреба на албанскиот јазик. Почитуван г-дине Ахмети, Во 2008, ...
Македонија е поинаква од пред две години. Создаваме решенија што траат и градиме иднина. Нашата одговорност е одлуките што ги носиме денес да обезбедат сигурност за генерациите што доаѓаат – порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во обраќањето на отворањето на Првиот форум за енергетска дипломатија, што се одржува во Скопје. Како што истакна Божиновска, енергетиката одамна не е само прашање на ...
Заштитата на реката Вардар и одговорното управување со водните ресурси мора да бидат меѓу долгорочните приоритети на државата, со јасно дефинирани институционални обврски, стабилно финансирање и координирана соработка меѓу различните сектори. Ова го порача министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на отворањето на манифестацијата „Денови на Вардар 2026“, посветена на иднината на управувањето со сливот на најголемата ...
Министерството за финансии изрече привремена забрана за одобрување кредити на две финансиски друштва во Македонија, откако при вонредни инспекциски контроли биле утврдени неправилности во нивното работење. Двете компании во наредните 30 дена нема да смеат да одобруваат нови кредити, а дополнително им се изречени и парични казни согласно законските прописи. Од Министерството информираат дека вонредните контроли биле спроведени во последните ...

