Министерството за здравство на Република Бугарија создаде организација за давање медицинска помош доколку е потребно на настраданите од пожарот во Северна Македонија. Во врска со трагичниот инцидент во градот Кочани, формиран е штаб во Министерството за здравство, предводен од министерот за здравство доц. Силви Кирилов. Создадена е потребната организација за да се обезбеди, доколку е потребно, целосна медицинска помош на настраданите од пожарот. ...

Општина Кисела Вода ќе донира еден милион денари за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани. Одлуката била донесена едногласно, на денешната вонредна седница на Советот на Општина Кисела Вода. Седницата на Советот започнала со едноминутен молк во чест на загинатите во трагедијата. „Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата на загинатите, со сите кои загубија свои најблиски, како и со повредените, на кои им ...

“Почитувани, Продолжува лекувањето на пациентите во земјава и во странство Министерството за здравство ја информира јавноста дека медицинските тимови на здравствените установи и денеска се целосно ангажирани во обезбедување соодветна медицинска нега за сите пациенти. На Клиника за пластична хирургија во моментот се хопитализирани – 10 пациенти, На Клиника за токсикологија – 10 На Торакална – 4 на трауматологија – 2, на Детска хирургија – 4, на ...

„Направиле навремена евакуација на повредените од Кочани“, вели министерот за здравство на Бугарија, Силви Кирилов. Тој порача дека никогаш не размислувале дали ќе помогнат или не. „Направивме навистина една навремена евакуација на повредените, би рекол повеќето деца, и тие беа сместени во бугарски медицински установи пред да почне евакуацијата на другите повредени. Никогаш не размислувавме дали ќе помогнеме или не. Првата и единствена реакција ...