Младинскиот тим на Еурофарм Пелистер направи огромен успех и на 14-ти и 15-ти јуни во Келн ќе игра на фајнал-форот во ракометната Лига на шампиони за млади до 18 години. Битолчани на турнирот во Букурешт, најпрвин во полуфиналето го совладаа Кјелце со 37-29, а вечерва испишаа историја откако го совладаа домаќинот Динамо со 37-32. Најдобар поединец кај пелистерци беше Босанецот Алем Хаџиќ кој постигна 12 голови, а блескаше и во полуфиналето кога ...

Тимот на Еурофарм Пелистер испиша историја во Букурешт и ќе игра на Ф4 турнирот на првото издание од младинската ЛШ, откако во финалето од групата 4 славеше над домаќинот Динамо Букурешт со 37:36. Завршниот турнир од младинската ЛШ ќе се одржи паралелно со сениорскиот Ф4 во Келн (14/15 јуни), па така младите ракометари ќе имаат дополнителна мотивација да го покажат најдоброто од себе Натпреварот започна израмнето, во воведните пет минути беше ...

Ракометните надежи на Еурофарм Пелистер испишаа историја и во премиерното издание на младинската Лига на шампиони ќе играат на фајнал-фор завршницата во Келн. „Зелено-белите“ одиграа квалитетен квалификациски турнир во Букурешт и со победите над Киелце и Динамо се пласираа меѓу најдобрите четири екипи во Европа. Веднаш по синоќешното славје во финалето, младинците на македонскиот шампион се упатија за Битола, а таму беа пречекани од неколку ...

Младинскиот ракометен клуб „Еурофарм Пелистер“ вечерва се пласира на финалниот турнир на европските ракометни шампиони што ќе се одржи во Келн каде ги очекуваат нивните врсници од ракометните гиганти Барселона, Веспрем и ГОГ Гудме. Битолските ракометари успехот го постигнаа во Романија каде вчера и денеска ги совладаа младинските ракометни тимови на Кјелце од Полска и романскиот шампион Динамо. Тимот предводен од Кире Митревски и Фарук Мемиќ, ...