Ракометарите на Вардар 1961 по голема борба го добија првото „вечно“ дерби во Суперлигата против Еурофарм Пелистер со 31-28 (16-14). Натпреварот од петтото првенствено коло понуди драма со среќен крај за вардарци кои беа во серија од четири порази од ривалот на сите фронтови. Вардарци не го реализираа првиот напад, па Манасков погоди во контра. Следуваа два гола од бек на Малус и Кузмановски и прв гол пред скопската публика за крилото Тузолана. ...

Ракометарите на Вардар 1961 триумфираа вечерва во Скопје над актуелниот шампион Еурофарм Пелистер со 31-28 во големото македонско дерби во рамки на петтото коло во ракометната Супер лига. Со оваа победа, петта сезонава, Вардар со максимални 10 бодови е прв на табелата, пред Алкалоид и Бутел кои имаат по 8, а Еурофарм Пелистер и Охрид по 7. Овие два тима веќе во сабота ќе го играат меѓусебниот дуел и тоа во Битола. Фото:П.Стојановски ...

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечер му гостуваат на ПСЖ во второто коло во Лигата на шампионите. Во таборот на битолчани свесни се за силата на парижаните, но ветуваат максимално залагање во обид да се изненади големиот фаворит. – ПСЖ е гигант во спортот и во ракометот. Можеби имаат и најголем буџет во Лигата на шампионите оваа сезона. Ние се подготвуваме гледајќи на самите себе, имаме своја тактика. Подобро е кога се победува, се зголемува ...

Вардар ја прекина серијата порази од Еурофарм Пелистер, и со победата од 31-28 се одвои на врвот на суперлигашката табела пред најголемиот ривал и прв фаворит за титулата. Битолчани беа во негатива речиси цело време, се обидуваа да избегнат пораз, но во финишот два клучни гола за Вардар даде Филип Талески и беа решени сите дилеми околу победникот. Валах имаше 9 одбрани, Малус, Боно и Тузолана постигнаа по 6 гола кај Вардар, а Манасков со 10 ...