Украинските власти не планираат да одржат какви било избори во јули, спротивно на тврдењата на „Економист“, соопшти украинскиот сервис на „Би-Би-Си“. Извори од кабинетот на Володимир Зеленски и украинската влада истакнаа дека не биле водени разговори за ова прашање и никој не добил никакви инструкции за организирање на избори во јули. На 30 март, „Економист“ повикувајќи се на извори во украинската влада, објави дека Украина би можела да ги одржи ...
Германскиот министер за надворешни работи Анален Бербок допатува во ненајавена посета на Киев за да изрази поддршка за Украина, соопшти германското МНР. Таа утринава по пристигнувањето во Киев најави издвојување на дополнителни 130 милиони евра за поддршка на Украина. Според неа, овие средства се наменети како хуманитарна помош и средства за стабилизирање на состојбата. Како што рече таа за време на посетата на главниот град на Украина, ...
„Украина е подготвена веднаш да склучи договор за прекин на огнот“, изјави Бербок. „Мораме да дадеме јасни гаранции дека следната германска влада ќе продолжи со својата голема поддршка за Украина“, додаде таа. „Поради застојот во преговорите меѓу САД и Русија, од стратешко значење е ние, Европејците, да покажеме дека стоиме зад Украина без 'ако' или 'но' и дека сега повеќе од кога било го поддржуваме Киев“, рече шефицата на германската ...
Претседателот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, даде интервју за украинскиот РБЦ во кое зборуваше за заканите од Русија, улогата на САД во алијансата, можното испраќање европски војници во Украина и перспективите на Украина за членство во НАТО. Адмирал Драгоне истакнува дека НАТО минува низ предизвикувачки период, особено со враќањето на Доналд Трамп на власт. Иако американскиот претседател бара Европа да инвестира повеќе ...