Протестот е начин на 1 мај да изразиме незадоволство од висината на платите на работниците во Македонија кои се најниски во регионот, а да не зборуваме и за пошироко. ССМ ги повикува сите кои му мислат добро на работникот, во текот на утрешниот ден да ни се приклучат на протестот, изјави првиот синдикалец во државата, Слободан Трендафилов за утрешниот првомајски протест организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија. Трендафилов истакна ...

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) нема да учествува на утрешниот синдикален протест по повод 1 Мај. Смета дека во земјава има добар социјален дијалог и организирано синдикално движење, како и дека проблемите секогаш се решаваат на маса. Според претседателот на КСС, Благоја Ралповски, и без репрезентативни синдикати, на ниво на грански синдикати се разговарало со Владата која покажала подготвеност од 1 мај да почне повторно и поголемо ...

На 1-ви Мај има повеќе причини да протестираме отколку да славиме, првиот синдикалец Слободан Трендафилов ги повика сите работници на протест. Изјава на претседателот на ССМ Слободан Трендафилов. За новите владини мерки ќе зборуваме на 2 мај, утре ќе бараме зголемување на нашите плати за да можеме да си ги дозволиме и ваквите цени во супермаркетите, рече денеска претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Слободан Трендафилов. ...

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници Полицијата утре во Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај поради најавениот првомајски протест. СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (01.05.2025) со почеток во 11.00 часот поради одржување на протест, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Протестот ...