Во новата сезона 2025/2026 од Втората македонска фудбалска лига штипските тренери ќе доминираат. Дури четири стратези од Штип ќе водат екипи во новата сезона во второлигашкото друштво. Влатко Костов, Горан Здравков, Иван Варадиновски и Емил Грнев ќе бидат тренерите кои ќе водат екипи во Втората лига во новата сезона. Влатко Костов се враќа во родниот Штип и ќе биде нов шеф на стручниот штаб на Брегалница. Горан Здравков останува во Радовиш каде ...

Во шпанскиот фудбал се подготвува револуција, откако челниците на лигата решија да ја копираат кошарката од следната сезона. Барем така тврдат локалните медиуми, наведувајќи дека ќе се воведе опција за барање „челинџ“, нешто како во кошарката, а тренерите ќе имаат можност двапати да го користат за време на натпреварот и да побараат видеопреглед. Сè уште не е познато за што точно ќе се користи ова, бидејќи веќе постои ВАР-проверка и судиите во ...

Екипата на Беса од Добридол се откажа од Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), а Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на ждрепката за новата сезона не донесе одлука за испразнетото место. Сепак, големи се шансите Преспа да го заземе местото на поранешниот прволигаш, бидејќи ресенчани најавија подготвеност за настап во повисок ранг. Уште во првото коло закажани се дерби натпревари во Охрид, Штип и Новаци. Втора фудбалска лига Прво коло: ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја информира јавноста дека ФК БЕСА 1976 АД Добри Дол официјално прати известување до ФФМ дека нема да настапува во Втората македонска фудбалска лига во сезоната 2025/2026. Препорачано Од клубот информираат дека во текот на денешниот ден до ФФМ ќе биде доставена и формалната одлука од Бордот на директори со образложение за постапката. Во однос на понатамошните чекори, ФФМ ќе донесе одлука дали и како ќе ...