Според медиумите, турбината не функционирала. Руски Гаспром денеска објави дека снабдувањето со природен гас преку Северен тек 1 ќе остане во прекин откако се расипала главната турбина на единствената работна единица во близина на Санкт Петербург, односно е забележано истекување на гас, пренесува Ројтерс. Се вели дека турбината не може да работи безбедно додека не се поправи дефектот, а Гаспром не дал временска рамка за тоа кога би можело да ...

Русија на неодредено време го прекинува протокот на гас преку гасоводот „Северен тек 1“, кој ја снабдува Европа со руски гас под Балтичкото Море. Ова предизвика страв од недостиг на енергија во Европа како што се приближува зимата, пишуваат агенциите Ројтерс, АП и АФП. Рускиот државен енергетски гигант „Газпром“ на 2 септември соопшти дека испораките за Германија не може да се рестартираат по тридневна пауза поради претходно најавено одржување, ...

Руската компанија Газпром вчера најави дека денеска нема да дистрибуира гас кон Европска Унија преку гасоводот Северен поток 1. Во соопштението на Газпром се наведува дека денеска нема да биде пуштен гасот поради истекување на масло од турбинскиот мотор. Газпром пред неколку денови ја стопира испораката на гас преку Северен поток 1 поради ремонт и беше најавено дека дека ќе биде обновена доставата на гасот. Газпром не наведе кога гасот повторно ...

Рускиот енергетски гигант Газпром денеска објави дека на неодреден период ја прекина испораката на гас за ЕУ преку гасоводот Северен тек 1 поради дефекти. „Протокот нема да биде обновен според планираното поради дефект на турбината“, велат од Гаспром. Пред прекинот на работата, гасоводот работеше со капацитет од 20 проценти. Гаспром го затвори гасоводот Северен тек 1 од 31 август до 3 септември, а испораките требаше да продолжат утре во 03:00 ...