Перу одлучи да ги прекине дипломатските односи со Мексико, изјави синоќа перуанскиот министер за надворешни работи Уго де Зела, откако мексиканските власти почнаа постапка за доделување азил на поранешната перуанска премиерка Бетси Чавез. Зела истакна дека Владата на Мексико извршила „непријателски чин“ со отворањето постапка за доделување азил на Чавез, која беше на функцијата за време на мандатот на поранешниот перуански претседател Педро ...

Конгресот на Перу ја прогласи претседателката на Мексико, Клаудија Шајнбаум за „персона нон грата“, неколку дена откако нејзината Влада ги прекина дипломатските односи со Мексико, кое ѝ додели азил на поранешната перуанска премиерка Бетси Чавез. Чавез беше премиерка за време на мандатот на соборениот и затворен поранешен претседател Педро Кастиљо, а Перу ги прекина дипломатските односи откако таа се засолни во Амбасадата на Мексико во Лима за да ...

ФК Пелистер ја извести јавноста дека дел од столчињата и трибинскиот простор на јужната трибина, каде што се наоѓаа навивачите на Вардар на натпреварот Пелистер – Вардар на 5 ноември се оштетени и сквернавени. Заради заштита на нашиот стадион во иднина нема да дозволиме присуство на гостински навивачи на стадионот „Петар Милошевски“. -Исто така сакаме да ги апострофираме некоректните изјави на одредени медиуми и постови на социјалните мрежи на ...

Министерот за надворешни работи Уго де Зела им изјави на новинарите дека перуанските власти претходно во текот на денот дознале дека поранешната премиерка Бетси Чавез, која служела под претседателот Педро Кастиљо, избегала во мексиканската амбасада во Лима. Министерството за надворешни работи на Мексико не одговори на барањето за коментар. „Како одговор на овој непријателски чин и земајќи ги предвид претходните случаи во кои сегашни и поранешни ...