Во Кинотеката на Македонија денеска беше врачена наградата „Златен објектив“, чиј добитник годинава е Петар Богоевски. Салата на Кинотеката беше исполнета со колеги и соработници на Богоевски, но и помлади љубители на филмската уметност, кои се восхитуваат на неговата работа. Директорот на Кинотека, Бошко Грујоски му ја врачи наградата на Богоевски и истакна дека преку доделување на „Златен објектив“, меѓу другото, се создаваат критериуми за ...
Многу сум среќен за признанието кое го добив, и што се вмешав во доајените на кинематографијата на Македонија. Ова не е признание само за мене, туку и за сите кои работеа со мене. Имав многу добра екипа до мене за која сум многу благодарен, посочи денеска светло-мајсторот Петар Богоевски, откако денеска му беше врачена наградата на Кинотека „Златен објектив“. Ова признание Кинотеката го доделува на филмски автори и културни работници кои преку ...