Важно да се подигне свеста за сето она што претставува превентива и имунизација, ниту еден родител не треба да се соочи со пертусис и морбили, болести кои ги имавме во земјава последниве неколку години и тоа токму поради намалување на опфатот за овие две вакцини, вели професор Грозданова. Според последните податоци зголемен е опфатот на имунизација во 2024- та година во однос на претходните три години, сепак и понатаму загрижувачки е фактот за ...
Урбаните средини под ризик – вакцинацијата под 70% Ниска стапка на вакцинација во урбаните општини, како Центар, Карпош и Аеродром. Таа изнесува под 60 до 70%. На ова предупредуваат експертите и покрај зголемениот опфат на имунизација во 2024 година. Ова, според проф. д-р Александра Грозданова, национален координатор за имунизација, претставува сериозен ризик за повторна појава на заразни болести како морбили и пертусис. Дезинформации и ...
Има голем интерес за деветвалентната ХПВ вакцина и кај момчињата, новина што беше воведена во 2024 година. Од друга страна, пак, незадоволителен е опфатот со МРП вакцината. Опфатот со оваа вакцина во скопските општини Аеродром, Карпош и Центар бил под 60-70%, што доведува во висок ризик од појава на епидемија со морбили. Овие информации денеска ги сподели национаналниот координатор за имунизација на Република Северна Македонија, Александра ...