Руското Министерство за одбрана денес објави дека вооружените сили на земјата извршиле масовен напад врз Украина како одговор на „терористичките напади на украинските сили“. Нападот бил извршен со високопрецизно оружје со долг дострел од воздух, море и копно, како и со беспилотни летала, објави РИА Новости. Погодени се канцеларии, претпријатија за производство и поправка на оружје и воена опрема, работилници за склопување на дронови за напад, ...

Возовите што ги носат телата на украинските војници ќе почнат да се движат кон руско-украинската граница за еден час, објави денес руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на рускиот генерал-полковник Александар Зорин. Транспортот треба да се одвива по копно и преку железничките линии. Препорачано Зорин додаде дека постојат индикации дека испораката на телата ќе биде одложена до следната недела доколку во меѓувреме не добијат официјална ...

Русија денеска излезе со обвинувања кон Украина, тврдејќи дека таа ненадејно ја одложила договорената размена на тела на загинати војници и воени заробеници, која требаше да се реализира викендов, според договорот постигнат на втората рунда преговори во Истанбул. Според изјавите на главниот руски преговарач Владимир Медински, украинската страна одеднаш го прекинала процесот без претходна најава и не се појавила на договореното место за размена. ...

Украина соопшти дека очекува наскоро со Русија да се реализира најавената размена на воени заробеници и пренос на телата на околу 6.000 загинати украински војници, отфрлајќи ги обвинувањата од Москва дека ја одложила операцијата. Координацискиот тим во Киев изјави дека Русија еднострано предложила датум за размената, без претходен договор со украинската страна. Украина веќе ѝ предала на Русија список со имиња на воени заробеници – млади под 25 ...