Продолжува потрагата по пилотот чиј авион се урна вчера на „Велика Планина“ во Словенија. Делови од авионот се пронајдени на Велика Планина, кој се урнал во колиба сопственост на Машинскиот факултет во Љубљана. На местото на настанот се и новинарски екипи на 24ur, кој известува за делови од авионот долги неколку сантиметри, дрвени цепнатинки и остатоци од колиба расфрлани во радиус од 50 метри. Полициски хеликоптер ја надлетува областа каде што ...

Познатиот шведски претприемач кој е и еден од основачите на веб-страницата „Д Пајрат беј“ загина во авионска несреќа на Велика Планина во Словенија. Авионот полета од Загреб во понеделникот за Швајцарија и се урна во Словенија, а во вторникот биле пронајдени остатоците од авионот и телото на пилотот. Шведскиот претприемач и поранешен политичар Карл Улф Стур Лундстром, познат како еден од основачите на „Д Пајрат беј“, загина во авионска несреќа ...

Пронајдени се делови од кабината на авионот кој се урна во Велика Планина во Словенија, јавува 24ур. Спасувачите имале потешкотии да продрат до леталото кое се срушило во планинска куќичка. Временските услови ја отежнале работата на службите до подоцна кога поради подобрување во потрагата се вклучил хеликоптер, пренесува хрватски Нет. Како што објаснија вчера пожарникарите од пожарникарската единица Камнишка Бистрица, куќата била преполовена, а ...

Според неофицијални информации, спасувачите го пронашле телото на пилотот од авионот што се урна во областа Велика Планина, јавува Дневник.си. Наводно, починатиот бил шведски државјанин. Местото на несреќата е обезбедено и пристапот е блокиран, а присутни се и полицијата и пожарникарите. Пилотот на помалиот авион Mooney Ovation M20R, кој вчера полета од Загреб, исчезна од радарот нешто пред 8:30 часот над Велика Планина. Според последните ...