Застрашувачки снимки и фотографии пристигнуваат од теренот во скопското село Трубарево, каде во моментов беснее огромен пожар кој ги зафати објектите на Ф – ГРУПАЦИЈА која се занимава со електронски отпад. Големи облаци црн чад се издигнуваат над метрополата и се забележуваат од повеќе скопски населби. Во гаснењето се вклучени голем број екипи од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, хеликоптер на МВР, исто така е ангажиран еден „ер ...
Во Трубарево горат објекти на фабрика за електронски отпад – Ф-Групација. Препорачано Претходно беше објавено дека се работи за пожар во фабриката „Нула отпад“, но надлежните ја корегираа информацијата и соопштија дека не се работи за оваа фабрика, која всушност нема свои објекти на критичната локација во Трубарево. Од Дирекцијата за заштита и спасување соопштија дека на терен се противпожрни екипи, како и ер трактори и хеликоптер. Се работи за ...
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека за гасење на пожарот во скопско Трубарево интервенира и специјален авион ер-трактор. Стојанче Ангелов, директор на ДЗС, соопшти дека со пожарот не се зафатени објекти на фирмата „Нула отпад“, како што претходно информираше, туку се зафатени објекти на „Ф-Групација“, која се занимава со елекетронски отпад. -Исправка: пожарот ги зафати објектите на „Ф – Групација“ која се занимава со ...
Попладнево околу 13:38 часот, во населбата Трубарево, општина Гази Баба, избувна голем пожар во штала наменета за складирање на отпадни електрични материјали. Огнот за кратко време предизвика густ црн чад и се прошири кон неколку околни објекти. На местото на настанот веднаш е воспоставена координација со Центарот за управување со кризи, а од ЕВН било побарано итно исклучување на електричната енергија за да се овозможи безбедна интервенција. Во ...