Фудбалскиот клуб Црвена Звезда денеска прославува 80 години од своето постоење, а српскиот гигант се реши за убав гест – доделувајќи му награда за животно дело на поранешниот македонски селектор и репрезентативец Бошко Ѓуровски. Ѓуровски уште на 14-годишна возраст пристигна на „Маракана“, а за првиот тим на „црвено-белите“ одигра над 500 натпревари и постигна над 100 погодоци, одбележувајќи една ера во постоењето на српскиот фудбалски гигант. ...

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Бошко Ѓуровски, е добитник на наградата за животно дело на Здружението на спортови „Црвена звезда“ кое денеска го прослави својот 80-ти роденден. Ѓуровски изјави дека е многу горд што поминал долги години во Црвена звезда, и како играч и како тренер, и се заблагодари на управата што му ја препознала љубовта кон „црвено-белите“. Ѓуровски мина 11 години како играч во фудбалскиот клуб, ...

Црвена Звезда денеска слави убав јубилеј по повод 80-годишните на клубот, а по тој повод, водечките структури на српскиот великан подготвија и специјални плакети за луѓе кои беа важен дел во изминатите осум децении. Бошко Ѓуровски како македонски претставник доби награда за животно дело за оваа 2024-та година, додека во женска конкуренција, исто признание доби и Јасна Шекариќ. – Вистинска чест и гордост е што добив награда за животно дело. ...

Здружението на спортови Црвена Звезда слави 80 години од своето постоење. По тој повод „црвено-белите“ организираат Свечена академија во „Сава Центар“. Добитник на наградата за животно дело за 2024 година е Бошко Ѓуровски, кој ги сподели своите впечатоци и се заблагодари за голема чест. „Многу спомени, трофеи... На крајот го исполнив мојот детски сон да добијам една ваква ласкава и престижна награда. На некој начин ја платив таа љубов кон Црвена ...