Се одигра последниот натпревар од шестото коло во Супер-лигата. Бутел Скопје и Пролет одиграа меч со мал број на голови и без победник. Домаќинот имаше шанса да дојде до целиот плен, но во самиот финиш му дозволи на противникот да постигне два брзи гола и да дојде до реми 22-22. Николов запиша седум гола, Трајкоски имаше десет одбрани. На другата страна Стојановски запиша пет погодоци. Избраниците на Горан Кузмановски отворија со 3-0, позитива ...

Последниот натпревар од 6.коло од ракометната Супер лига меѓу Бутел и Пролет заврши без победник 22:22. Домашната екипа испушти победа и водство од 22:20 во последната минута. Најпрво Давор Палевски намали на 22:21 на 26 секунди до крајот на дуелот, а домашниот тим Бутел брзоплето го заврши нападот и тоа беше шанса за Пролет за нерешен резултат. Голот за нерешен резултат го постигна Андреј Стојановски на осум секунди до крајот на дуелот. ...

Скопската пресметка меѓу Бутел и Пролет заврши без победник, 22-22, откако гостите со фуриозен финиш се вратија од „минус два“ во последната минута и со погодокот на Андреј Стојановски стигнаа до реми. Ова беше прв бод за Пролет на гостински терен сезонава, со што тимот на Матлиески воедно ја прекина и серијата од четири победи на Бутел во Супер-лигата. Бутел фуриозно го отвори мечот поведувајќи со 3-0 во почетните пет минути, потоа и ...

Ракометарите на Бутел Скопје и Пролет 62 се сретнаа во натпреварот од шестото коло на македонската Суперлига, а на крајот видовме голема драма, во која гостите се изборија за бод буквално во последните секунди (22-22). Првото полувреме понуди прилично неизвесна игра, па иако Бутел беше во добар ритам на почетокот и водеше со три гола предност, гостите успеаја да го возвратат ударот и на паузата резултатот гласеше 12-11. Слично започна и второто ...