По несреќата во рудникот Тораница, концентрацијата на олово во Крива Река кај Крива Паланка се зголеми за 10 пати повеќе од дозволеното, и стотици пати повеќе од дозволеното за цијанид, фосфор и азот. Градоначалникот на општината Сашко Митовски, рече дека се загрижувачки податоците од извештајот од испитуваните примероци на водата. Најави кривични пријави. Министерот за животна средина, Изет Меџити, рече дека овој рудник ќе се соочи со ...

Неколку дена по објавувањето на информациите дека се случила еколошката хаварија во Крива Река, еколошките здруженија и опозициските партии бараат одговори и истрага за случајот. „Нема информации што ќе се преземе, нема најави за нови анализи, нема план за заштита на здравјето на граѓаните. Дали здравјето на граѓаните е воопшто приоритет за оваа власт? Зошто Владата молчи четири дена откако се потврдија сомнежите дека во Крива Река тече вода со ...

Вести Митовски: За 10 пати зголемена концентрација на олово во Крива Река 28.03.2025 Извештајот од испитаните примероци на водата во Крива Река земени еден ден по хаваријата во рудникот „Тораница“ покажува дека концентрацијата на олово е зголемена за десет пати повеќе од дозволеното, а за неколку стотици пати на цијанид, фосфор и азот, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски. Тој најави дека општината ќе бара ...

Еколошка катастрофа, која ќе го уништи целиот воден свет. Вака токисколозите го коментираат зголеменото присуство на цијанид и олово во Крива Река, откако отпадната вода од рудникот Тораница се слеала во реката, по што добила сива боја. Доктор Беќаровски апелира до граѓаните – да не ја консумираат рибата од оваа река, затоа што може да има смртни последици. Дали е опасен воздухот и почвата, зависи од концентрацијата на цијанид, која треба да ја ...