На родителите што ги изгубија своите деца во трагедијата им порача дека им се поклонува на нивната сила, оти тие луѓе не бараат ништо повеќе од правда и вистина. Според него, тие луѓе имаат право на вистина, на почит и право нивната болка никој да ја користи за партиски и политички поени Во Кочани никој, ниту еден политичар не може да оди со крената глава, оти со крената глава не се оди пред луѓе што со месеци бараат правда. Ова вечерва го рече ...

„Во Кочани никој, ниту еден политичар не може да оди со крената глава, со крената глава не се оди кај луѓето кои со месеци бараат правда“. Вака изјави претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на граѓанскиот собир во Кочани. – Со крената глава не се оди пред луѓе што изгубиле сè, а не ја добиваат сè уште вистината. Со крената глава не се оди кај оние кои со месеци бараат правда, а имаше обиди за селективна правда. ...