На прес-конференција по натпреварот Пикси ја потврди одлуката да замине од селекторското столче. „Имав разговор со претседателот и генералниот секретар. Понудив оставка. Овој пораз не го очекував, и тоа од тим кој ни е главен ривал за второто место. Ја преземам одговорноста и јас сум единствениот виновник. Жал ми е што загубивме. Така е во спортот, во животот. Ќе има време за разговор. Како одговорно лице, понудив оставка на двајцата челници во ...
Легендарниот ракометар и екс-селектор на македонската репрезентација, Веселин Вујовиќ, жестоко го критикуваше Драган Стојковиќ Пикси поради лошите резултати на српската репрезентација, нарекувајќи го „маченик, кој само нуди, но не поднесува оставка“. Реакцијата на Вујовиќ доаѓа после поразот на Србија од Албанија во Лесковац (0-1), по кој нашиот северен сосед останува со само минимални шанси за евентуално учество во баражот за Светското ...
Поразот на Србија од Албанија на домашен терен и натаму е топ тема кај нашиот северен сосед, а оставката на селекторот Драган Стојковиќ доаѓа во момент кога неговата репрезентација има само теоретски шанси да се бори за место во баражот. Популарниот Пикси и досега добиваше многу критики, па поразот во балканското дерби не му остави простор за задржување на позицијата, па по дуелот во Лесковац веднаш им понудил оставка на одговорните во сојузот и ...
Оставката на селекторот Драган Стојковиќ – Пикси е прифатена од страна на фудбалскиот Сојуз на Србија, и тој повеќе не е селектор. Иако се прептоставуваше дека на мечот со Андора во вторник, селекцијата ќе ја води неговиот помошник Горан Ѓоровиќ, тоа нема да се случи, со оглед дека со селекторот „летнаа“ и неговите помошници. Така на престојното гостување во Андора, репрезентацијата ќе ја води Зоран Мирковиќ, актуелниот селектор на младата ...

