Нови немили сцени го потресоа македонскиот фудбал викендов, откако по завршувањето на натпреварот од Третата лига меѓу Беса од Слупчане и Аеродром, дојде до сериозен инцидент во кој беше физички нападнат голманот на скопскиот тим. Инцидентот се случил непосредно по последниот судиски свиреж, кога дел од играчите и членовите на домашниот табор физички го нападнале чуварот на мрежата на Аеродром, Кирил Петровски. На социјалните мрежи веќе се шири ...

Тежок инцидент се случил на денешниот натпревар од Третата лига север помеѓу ФК Беса и ФК Аеродром кој се одигра во Слупчане. Голманот на гостинскиот тим бил крвнички претепан на теренот, при што бил пренесен во болница во Скопје. Во полициска станица е претседателот на ФК Аеродром за давање на исказ. По повод инцидентот, се огласи и МВР, од каде било пријавено дека неколку лица биле физички нападнати од страна на домашните играчи и ...