Претставник на италијанскиот гигант „Џунти едиторе“, поранешна директорка во „Рандом хаус“ и актуелна уредничка на британска издавачка куќа, еден од најугледните издавачи на книги за деца од Украина, шпанскиот издавач на Јосип Коцев, унгарскиот издавач на Румена Бужаровска, претставничка од „Традуки“, директор на литературна агенција од ОАЕ, претставник на Интернационалната алијанса на независни издавачи и уште многу издавачи од Европа ќе бидат ...
Скопје, 22 септември 2025 (МИА) - Со лични анегдоти и силни пораки за литературата, синоќа во Даут-пашиниот амам свечено е отворено 13. издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“. На отворањето беа претставени шестемина писатели, драматурзи и есеисти од Балканот и земјава, меѓу кои годинашниот добитник на наградата „Прозарт“, словенечкиот автор Евалд Флисар – еден од најпреведуваните писатели од регионот. Годинашната ...
На првата фестивалска вечер, Флисар ќе биде во друштво со Бауер, Алексиева, Лапчевиќ, Димковска и Корнети. Со нив ќе разговараат Александар Прокопиев и Владимир Јанковски. На вториот фестивалски ден, на 22 септември во 11 часот во Европска куќа – Скопје ќе се одржи средба на новинари со учесниците на програмата „Скопје Fellowship“, по што ќе следи средба за вмрежување меѓу издавачите и традиционалната средба на членовите на програмата „Скопје ...
Тринаесеттиот Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ вечер ќе биде отворен во Даут-пашиниот амам во Скопје. Српскиот писател и поет Небојша Лапчевиќ, бугарската писателка Елена Алексиева, една од најпознатите словенечки писателки за млади читатели Јана Бауер и домашни претставнички – поетесата, романсиерка и преведувачка од романски и словенечки на македонски јазик Лидија Димковска и Хана Корнети, писателка на проза и ...

