Во последното деноноќие на територијата на Република Северна Македонија регистрирани се вкупно 24 пожари на отворен простор. Во моментов нема активни пожари, еден е под контрола, а 23 се целосно изгаснати. Под контрола e пожарот во: Општина Македонски Брод – Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума). Изгаснати се пожарите во: Општина Липково 1 – с. Лојане (борова шума) Општина Липково 2 – с. Слупчане (борова шума) Општина Центар – Парк шума ...

Пожарот што денеска избувна во поранешниот објект на „Макотекст“ во населбата Карпош 4, кај мостот Обединети Нации, е целосно локализиран, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али. – Екипите на Бригадата за противпожарна заштита успеаја навремено да го стават пожарот под контрола. Дел од екипите сè уште се на терен за целосно обезбедување на локацијата – изјави Али. Тој потсети дека огнот зафатил стар објект, дел ...

Голем пожар претпладнево изби во бараки во скопската населба Карпош 4, а во моментов огнот се става под контрола, соопшти првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Како што рече Ангелов, засега нема информации за повредени или настрадани лица. Во гаснењето учествуваат повеќе возила и екипи на БППЗ Скопје под водство на командантот на единицата Звонко Томовски. На помош во гаснење на пожарот бил вклучен и „ер-трактор“ ...

Поради пожарот во „Јасен“, регионалниот пат Македонски Брод – Скопје се уште останува затворен за секаков вид на возила Пожарот во Јасен не е изгаснат, но е ставен под контрола, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Дождот кој вчера зафати делови од земјава помогнал во гаснењето, но во текот на ноќта биле регистрирани пламени јазици на одредени места кај ловиштето. „Рано утрово 30-тина припадници на ...