Израел со години се подготвувал да започне операција против нуклеарните и ракетните програми на Иран, изјави функционер за безбедноста за „Тајмс оф Израел“, вклучително и изградба на база за беспилотни летала во Иран и шверцување на системи за прецизно оружје и командоси во земјата. Операцијата се потпирала на тесно заедничко планирање помеѓу Израелските одбранбени сили (ИДФ) и разузнавачката агенција Мосад. Според официјалните лица, агентите ...
Украина наводно лансирала беспилотни летала во рускиот регион Татарстан, при што загинал еден, а 13 биле повредени, објави гувернерот Рустам Миниханов на 15 јуни, пишува Кијив Индипендент, пренесува ЦивилМедиа. Украинските беспилотни летала наводно биле соборени, но остатоците паднале врз фабрика во градот Јелабуга, каде што се произведуваат руски дронови за напад од типот Шахед, предизвикувајќи пожар. Според Миниханов, станува збор за ...
Иран и Израел продолжија со размената на ракетни напади со беспилотни летала. Најмалку осум лица се убиени во Израел, а околу 200-те се повредени. Израелската војска ги нападна нафтените постројки во Шахран и Техеран, предизвикувајќи пожари. Според Тел Авив, Иран сè уште има арсенал способен да предизвика сериозна штета на Израел. Рускиот и американскиот претседател телефонски разговарале за судирот меѓу Иран и Израел. Путин ја осудил воената ...
Израелската противвиздушна одбрана ги пресретна сите 100 ирански беспилотни летала, соопштија израелските одбранбени сили. Како одговор на израелските воздушни напади во текот на ноќта врз иранските нуклеарни капацитети, научници, како и командантот на Револуционерната гарда Хусеин Салими, Техеран одговори со лансирање на 100 беспилотни летала кон Израел. Командата на ИДФ по пресретнувањето на леталата го повлече и препоракатаза израелските ...