„Цитроенот“ возел полека, како изгубен и без крајна дестинација за разлика од другите возила кои во критичниот период на 27 ноември 2023 година поминувале пред зградата на Вања, на улицата Наум Наумовски Борче, рече Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања, кој денеска одговараше на прашања на судијата Ивица Стефановски. Ѓорчевски и Гоце Трајковски започнале со прибирање снимки од безбедносни камери на 29 ноември, кажа денеска Ѓорчевски на ...

На денешното рочиште од судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, продолжи распитот на таткото на малолетната жртва Вања, Александар Ѓорчевски, кој во петокот, на 11 април одговараше на прашања на обвинителството. Александар Ѓорчевски е меѓу петмината обвинети за учество во извршување на убиствата. Денеска, Ѓорчевски на прашање на судот кажа дека сведокот Гоце Трајковски, кој всушност ги поврзал двете возила со кои беше ...

Таткото на Вања и Гоце Трајковски започнале со прибирање на снимки од безбедносни камери на 29 ноември, кажа денеска Ѓорчевски на рочиштето за убиствата на неговата ќерка и Панче Жежовски одговарајќи на прашање на судијата Ивица Стефановски за улогата на неговиот кумашин во потрагата по Вања. – Обезбедив камери од кафулето „Синдикат“ кои се свртени кон зградата. Газдата веднаш ми ги прати снимките. Зорица обезбеди камери и од бензиската „Окта“ ...

Денеска заврши распитот на таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, еден од обвинетите за нејзиното грабнување и убиство. Тој меѓудругото кажа дека на нејзиниот телефон денот кога исчезнала, пратил две смс-пораки во периодот од 13 до 15 часот, кога во неговиот дом веќе имало инспектори. Првата порака гласела: „Ќе направиме сѐ што ќе побарате, само пуштете ја“, а подоцна се сетил дека не ја потпишал истата и пратил уште една ...