Вториот светски тенисер, Јаник Синер, со лесна победа во првото коло го започна настапот на АТП турнирот во Шангај, Кина. Италијанецот со максимални 2-0 славеше над Даниел Алтмаер од Германија. На Синер му беа потребни само 98 минути за да ги добие двата сета со идентични 6-3. Следен противник на Синер ќе му биде Греикспор од Холандија, а во четвртфиналето ќе го очекува Данецот Руне, додека против Ѓоковиќ може да игра дури во полуфиналето, ...
Италијанецот Јаник Синер го совлада Даниел Алтмајер од Германија со конечни 2-0 (6-3, 6-3) и се пласираше во третото коло на АТП Мастерсот кој се игра во Шангај. Вториот светски рекет ја заокружи мисијата за еден час и 38 минути, не оставајќи му на ривалот никакви шанси за било какво изненадување. Во следното коло Синер ќе се сретне со Талон Гриекспор од Холандија, кој претходно со 2-1 во сетови го елиминираше Американецот Џенсон Бруксби. ...