По магнетната резонанца, беше утврдено дека 24-годишниот плејмејкер на литванската кошаркарска репрезентација Рокас Јокубаитис претрпел повреда на предниот вкрстен лигамент и менискусот на левото колено, на натпреварот од Евробаскет против Финска. Препорачано Тестовите потврдија дека Јокубаитис ќе биде надвор од терените најмалку шест месеци, објави Литванската кошаркарска федерација. Јокубаитис беше еден од најдобрите играчи во националниот ...
Репрезентацијата на Грција по голема борба славеше над Шпанија со 90:86 во меч од последното коло во групната фаза. Овој резултат значи дека Грција го освои првото место во групата, додека Шпанија која е актуелен европски бранител на тронот, е шокирана со испаѓање во групната фаза. За Шпанија ова е прв пат по 1977 година да не обезбеди место во четвртфиналето, а ова е историски дебакл за нив затоа што Црвената фурија никогаш претходно не била ...
Црна Гора веќе имаше победа над Шведска и со триумф над Велика Британија требаше да го завери пласманот во нокаут фазата, но ништо не се случи од тоа. Клучна беше втората четвртина која Британците ја добија со 23-16, на одморот заминаа со предност од 48-42 и ваквата разлика ја задржаа до крај за конечни 89-83. Вучевиќ не можеше сам, тој беше најдобар на теренот со 31 поен и 11 скокови, најефикасен кај Велика Британија беше Хесон со 25 поени. На ...
Словенечките кошаркари го победија Исланд со резултат од 87:79 во натпреварот од четвртото коло од Групата Д на Европското првенство и со тоа обезбедија место во нокаут фазата едно коло пред крајот на групното натпреварување. Словенија има скор од 2-2 и обезбеди место во следната рунда поради подобриот резултат во меѓусебните натпревари со Белгија, додека Исланд го претрпе четвртиот последователен пораз и нема повеќе шанси за пласман. Лука ...