Одличниот Килијан Мбапе му донесе тешка победа на Реал Мадрид над Леганес во последниот натпревар од денешната програма од 29. коло во шпанската Примера. „Кралевите“ важеа за апсолутни фаворити на ова соочување, но мораа добро да се испотат, да направат пресврт во второто полувреме за да дојдат до трите бода или во случајов триумф од 3:2. Резултатот беше отворен во 32 минута од страна на Мбапе и тоа со удар од 11 метри, пенал кој донесе реакции ...
Фудбалерите на Реал Мадрид извојуваа тешка победа против Леганес, а двоен стрелец на натпреварот беше Килијан Мбапе, кој со двата гола успеа да го израмни рекордот на Кристијано Роналдо. Португалецот во својата прва сезона во дресот на Реал Мадрид постигна 33 гола, исто колку и францускиот репрезентативец. Единствената разлика е што Роналдо успеа да го направи тоа на 35 натпревари, додека новиот најдобар стрелец на шпанскиот гигант го направи ...
Францускиот напаѓач, Килијан Мбапе беше херој во вчерашната тешка победа на Реал Мадрид над Леганес од 3-2, голгетерот на „кралевите“ беше стрелец на третиот гол кога погоди од слободен удар. Препорачано Со овој гол Мбапе дојде до бројката од 33 и го израмни рекордот на Кристијано Роналдо од неговата прва сезона во Мадрид. Сега Мбапе има можност да го надмине славниот Иван Заморано кој во сезоната 1992/1993 постигна 37 погодоци на 45 ...
Килијан Мбапе имаше бавен старт, но Французинот во последните месеци покажува дека е нов лидер на нападот на Реал Мадрид. Тој блесна и на синоќешниот дуел со Леганес што „кралевите“ со многу мака го добија со 3-2 токму благодарение на Мбапе, кој од слободен удар го постигна победничкиот погодок. Со тоа, Килијан стигна до бројката од 33 гола во својата дебитантска сезона во дресот на Реал, израмнувајќи го достигнувањето на Кристијано Роналдо во ...