Косово утре излегува на парламентарни избори, кои се сметаат за клучен тест за премиерот Албин Курти и неговата партија „Самоопределување“. По убедливата победа пред четири години, Курти влегува во изборната трка како фаворит, но без гаранција дека ќе освои доволно пратенички места за самостојно да формира влада. Околу два милиони гласачи, вклучително и оние од дијаспората, ќе можат да го дадат својот глас за 120 пратеници. Според изборниот ...

Граѓаните на Косово денеска излегуваат на општите избори по интензивна кампања во која опозициските кандидати остро го критикуваа премиерот Албин Курти за економските политики, корупцијата и односите со Србија, додека српската заедница се обидува да се врати во институциите. Ова се првите редовни парламентарни избори од прогласувањето независност во 2008 година, по серија вонредни избори до 2021 година. Гласачките места се отворија во 7 часот и ...

Граѓаните на Косово денеска бираат кој ќе ги претставува во парламентот во наредните четири години. Избирачките места се отвораат во 7 часот, а се затвораат во 19 часот. Право на глас имаат 2.075.868 гласачи, од кои 1.970.944 се на Косово, а 104.924 од нив се регистрирани надвор од Косово. За 120 пратенички места во Собранието на Косово се натпреваруваат 1.280 кандидати, кои се на листите на 28 политички субјекти – 20 политички партии, пет ...

Приштина, 8 февруари 2025 (МИА) - Гласањето на парламентарните избори на Косово закажани за в недела, на 9 февруари, започна денеска во 7 часот во претставништвата на Косово во Европа. Гласањето во дипломатско-конзуларните претставништва во САД и Канада ќе започне подоцна, во 13 часот по средноевропско време. Централната изборна комисија (ЦИК) на прес-конференција соопшти дека дијаспората гласа на 43 избирачки места во 16 амбасади и 14 конзулати ...