Ден по смртоносниот земјотрес на Тибет спасувачите екипи продолжуваат со напорите во потрагата по луѓето заробени под урнатините. Се стравува дека бројот на жртви може да биде поголем од потврдените 126. На терен се сите расположливи сили за помош. Погодените жители во импровизираните кампови ја добиваат сета поддршка и медицинска нега. „Поставивме две населби со речиси 30 шатори. Обезбедени се храна и други помошни материјали за да се задоволат ...

Повеќе од 27.000 куќи се оштетени во земјотресот што го погоди Тибет, а 91 лице се уште се во болница, јави Ксинхуа. Вкупно 1.211 последователни потреси беа откриени до четвртокот во 15 часот по земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди округот Дингри во југозападниот Тибет, соопштија локалните власти. Најголемиот последователен потрес бил со јачина од 4,4 степени и се случил на околу 18 километри од ...

Спасувачите во кинескиот регион Тибет во средата трагаа по преживеани затрупани во урнатините, еден ден по силниот земјотрес во кој загинаа најмалку 126 луѓе, а 188 други беа повредени. Кинеските власти соопштија дека досега се спасени повеќе од 400 луѓе. Околу 30.000 луѓе исто така се преместени по земјотресот, кој уништи повеќе од 3.600 домови. Спасувачките напори ги комплицираа неколку стотици последователни потреси и ниските температури во ...

Бројот на загинати во земјотресот што денеска го погоди Тибет достигна 126, а повредените се 188, јавија светските агенции. Силниот земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала во оддалечена и ретко населена област уништи стотици куќи и преполни улици со урнатини. Се верува дека многу луѓе се уште се заробени под уништените згради. Американскиот геофизички институт соопшти дека земјотресот бил со јачина од 7,1 степен и се случил ...