Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласира во финалето на Мастерс турнирот во Мајами, откако го совлада Бугаринот Григор Димитров со 2-0 во сетови. За нешто повеќе од еден час игра Ѓоковиќ ја заврши работата против Димитров и стигна само на чекор до титулата број 100 во кариерата. Србинот го доби првиот сет со 6-2 во гемови, а продолжи со одлична игра и во вториот сет. Димитров не можеше да фати вистински ритам, а Србинот во вториот сет му ...

Најдобриот светски тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ не успеа да ја освои титулата на Мастерсот во Мајами, откако синоќа во финалето беше поразен од Чехот Јакуб Меншик со 0:2 во сетови 6:7, 6:7. Ѓоковиќ, петторангираниот тенисер во светот, по два часа и пет минути беше поразен од 54. рангиран на АТП листата. Ѓоковиќ не успеа да стигне до својата примарна цел, 100-та титула во кариерата, па сега то аќе мора да го одложи за некој од следните ...

Веројатно нема навивач на планетата кој не би сакал да ги има овие два дреса – на Новак Ѓоковиќ и Лионел Меси. По победата и пласманот во финалето на Мастерсот во Мајами, каде што ќе се бори за стотата титула во кариерата, Новак Ѓоковиќ се сретна со еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лео Меси. Познатиот Аргентинец претходно со сопругата го гледаше тенискиот „GOAT“ како убедливо го победи Бугаринот Григор Димитров во полуфиналето. По ...

Откако Новак Ѓоковиќ го совлада Григор Димитров во полуфиналето на Мастерсот во Мајами, го доби и противникот во борбата за 100-от трофеј во кариерата. Организаторите проектираа финале на домашниот тенисер Тејлор Фриц – Новак Ѓоковиќ, но Јакуб Меншик приреди изненадување, победувајќи со 2:1 во сетови (7:6, 4:6, 7:6) по два ипол часа игра. Чехот играше одлично, сервираше 25 асови и освои 82 отсто од своите поени на првиот сервис. Пред Мајами, ...