Еден од најдобрите фудбалери во историјата на прилепска Победа, Николче Здравески, почина на 54 години. Голем број на негови роднини и пријатели, но и спортски работници од синоќа се простуваат од голгетерот на црвено-белите чиј темперамент, спортски дух и борбеност за секогаш ќе се паметат. Здравески беше дел од легендарниот состав на Победа, клуб со кој освојуваше трофеи. Со него во тимот Парма во 1999 година одигра двомеч против Перуџа, а ...
Доцна синоќа македонскиот фудбал и прилепска Победа загубија големо име. Во својата 54-та година од животот прерано почина легендарниот фудбалер и тренер на Победа, Николче Здравески. Еден од култните јунаци на скоро сите успеси на клубот од најфудбалскиот град ненадејно почина во својот Прилеп. Здравески скоро цела своја кариера ја мина во Победа, беше еден од најкреативните фудбалери и еден од лидерите во соблекувалната. Со својот матичен клуб ...
На 54-годишна возраст синоќа ненадејно почина Николче Здравески, еден од најголемите легенди на фудбалскиот клуб Победа од Прилеп, човек со кои се врзани најголемите успеси на прилепскиот тим во самостојна Македонија. Здравески беше капитен на Победа за време на првата шампионска круна на прилепскиот тим, а потоа и тренер на тимот кога ја освои и втората титула. Ја предводеше екипата на Победа на легендарните натпревари против Парма во 2000 ...
Македонскиот фудбал е завиен во црно. На 54-годишна возраст ненадејно почина една од најголемите легенди на Победа од Прилеп, Николче Здравески. Тој речиси цела кариера ја мина во прилепскиот тим, како фудбалер, и како тренер. Кратко време беше тренер и на тимот на 11 Октомври. Во 2007 година го доби признанието од ФФМ за најдобар тренер. Како фудбалер беше член и на ФК Вардар. Здравески со победа освои две титули, првата како играч, а потоа ...