Во општина Чаир вечерва владее славеничка атмосфера откако неофицијалните резултати покажуваат дека кандидатот на коалицијата Вреди, Изет Меџити, е во убедливо водство пред противкандидатот од ДУИ, Бујар Османи. Според извори блиски до коалицијата Вреди, Меџити е на пат да ја обезбеди победата уште во првиот изборен круг. „Резултатите од гласачките места укажуваат на значајна предност за нашиот кандидат, што ја потврдува јасната волја на ...
Струга и Тетово ќе бидат двете клучни општини каде што Коалицијата предводена од ДУИ и Коалицијата „ВРЕДИ“ ќе ги одмерат силите во вториот круг. По вчерашниот прв круг на локалните избори двете коалиции од албанскиот политички блок победија во вкупно девет општини а по завршувањето на гласањето на прес конференциите во партиските штабови беше прогласена победа на локалните избори и потврден легитимитет кога станува збор за лидерство кај ...
Првиот круг на Локалните избори во албанскиот политички блок покажаа сериозно нишање на авторитетот на до неодамна неприкосновениот лидер на ДУИ Али Ахмети, или, како што веќе побараа опонентите од Вреди и од ВМРО-ДПМНЕ, негова политичка пензија. Вреди, пак, и покрај предизборниот удар што им го нанесе Арбен Таравари и неговата Алијанса за Албанците, се консолидира и на бранот е на изборна победа, барем според тежината на освоените општини, ...

