Стотина граѓани се собраа на протестот кој беше закажан во 18 часот во Аеродром откако два дена низ целата општина може да се почувствува силна смрдеа поради пожар во Вардариште. Граѓаните блокираа булевар во знак на револт. Побараа надлежните институции да го решат проблемот. Жителите на Аеродром, особено тие на Ново Лисиче често се жалат дека поради горењата во Вардариште мириса на запалени гума и пластика. И зимските мерења на квалитетот на ...

Екоцидот во Вардариште мора да запре веднаш, едногласни беа деситиците граѓани од општина Аеродром кои денеска во 18 часот изегоа на протест и ја блокираа раскрсницата на Булевар Асном и Булевар Србија, кај паркот Авионче. „Вардариште е канцер, и бараме решение од властите сега и веднаш“, порачаа граѓаните. Следниот протест е најавен за утре, повторно во 18 часот, на истото место. Граѓаните апелираат до сите засегнати од загадувањето да се ...

„Сите што сме најмалку една година во општина Аеродром го знаеме жариштето на проблемот со загадениот воздух, а тоа е „Вардариште“, вели еден од граѓаните кои денес излегоа на протестот во кој сакаа да ја блокираат раскрсницата помеѓу булеварите „Асном“ и „Србија“. Препорачано Тој вели дека тоа е „канцер“ и бара надлежните институции „без обвинувања едни кон други, да си ја преземат одговорноста и да го казнат виновникот“, пренесе „24 Инфо“. ...