Лиридон Љатифи во Скопје на 0:1 за Лудогорец постигна фантастичен гол за израмнување. Тој гол го сврте мечот па на крајот Шкендија победи со 2:1, со голот на Бесарт Ибраими и можеби тој гол ќе биде екстра важен во овој плеј – оф дуел меѓу македоскиот и бугарскиот шампион. Вечерва во Разград, со почеток од 19:30 часот, нашиот шампион му гостува на Лудогорец. Ова се очелкувањата на Љатифи за овој реванш со Лудогорец: “Лудогорец и натаму е ...
Македонскиот фудбалски првак Шкендија не успеа да ја сочува предноста од 2-1 од Скопје, на гостувањето кај Лудогорец во Разград. Тимот од Тетово успеа да се избори за продолженија, но во нив домашните стигна до два гола и до пласман во Лигата на Европа. Куртулус уште во 9. минута успеа да го донесе Лудогорец до предност, а во 24. минута бугарскиот тим имаше веќе 2-0 со голот на Чочев, резултат кој го носеше во групите во Лигата на Европа. ...
Мечот помеѓу Лудогорец и Шкендија заврши со истиот резултат како и во Скопје, 2-1 за домаќинот, па во Разград ќе се играат продолженија од двапати по 15 минути. После лошото прво полувреме и водството на Лудогорец од 2-0, Шкендија одигра далеку подобро во вториот дел, а Фабрис Тамба во 64-тата минута погоди за намалување на водството на домашните на 2-1. Статистички Лудогорец беше далеку подобар, но шансата на мечот ја имаше токму Сенегалецот, ...