Шведската фудбалска федерација му врачи отказ на селекторот Јон Дал Томасон поради лоши резултати во квалификациите за Светското првенство 2026 година. Швеѓаните синоќа дома загубија од Косово и моментно се на последното место во групата Б, со само еден бод во четири натпревари. Она што посебно зачудува е неефикасноста, Шведска даде само два гола, двата против Словенија, а имаат скапи напаѓачи од типот на Ѓокереш, Исак, Еланга и младиот Бардџи ...

Националниот тим на Шведска од денеска е без селектор, откако поранешниот легендарен дански тренер Џон Дал Томасон доби отказ од оваа функција. Томасон е разрешен по бламажата на домашен терен од Косово, која со триумфот си ги зголеми шансите за пласман во баражот за Светското првенство, додека Шведска нема никакви шанси преку квалификациите да избори пласман на идниот Мундијал. Данецот стана селектор на Шведска во февруари минатата година, кога ...

Данецот Јон Дал Томасон повеќе не е селектор на шведската репрезентација, соопштија од Фудбалската федерација на „Трите круни“. Томасон зарабти отказ после очајните настапи во квалификациите за Светското првенство, каде неговите избраници успеаја досега да освојат само еден бод. Последната „капка“ беше поразот од Косово на домашен терен (0-1), со кој Швеѓаните практично ги загубија скоро сите шанси за учество барем во плеј-офот за Мундијалот. ...