Трговскиот центар на истокот на Сиднеј е евакуиран поради пријава во полиција дека имало напад во кој се избодени неколку лица, а како што пренесуваат светските медиуми има и загинати. Полицијата на Нов Јужен Велс соопшти дека службите за итни случаи биле повикани во Вестфилд Бонди Јункшн непосредно пред 16 часот по локално време по извештаите за избодени повеќе луѓе. „Критичниот инцидент започна по пукањето во маж“, се вели во соопштението на ...

Помошник началник во австралиската полиција, Ентони Кук изјави дека во трговскиот центар „Вестфилд бондаи џанкшн“ (Westfield Bondi Junction) во Сиднеј со нож усмртени се пет луѓе. Тој потврди дека напаѓачот е елиминиран. Според Кук, тој најверојатно дејствувал сам. Претходно дел од медиумите објавија дека во трговскиот центар имало двајца напаѓачи. – Полицајка се соочи со напаѓачот, кој во тој момент се наоѓал на петтиот кат од трговскиот ...

Четири лица наводно биле избодени со нож, од кои едно фатално, додека полицијата наводно го убила напаѓачот во голем трговски центар во Сиднеј, јавуваат странските медиуми. Сведоците го виделе мажот како трча и ги напаѓа луѓето со нож, пред трговскиот центар да биде евакуиран и блокиран. Медиумите јавуваат дека наводно четири лица биле избодени со нож, а едно е мртво. Напаѓачот со нож наводно бил застрелан од полицијата, пишува Daily Mail. ...