Драма во трговски центар во Сиднеј: Стотина евакуирани поради сомневање за напад со нож/ВИДЕО

73

Четири лица наводно биле избодени со нож, од кои едно фатално, додека полицијата наводно го убила напаѓачот во големиот трговски центар „Вестфилд бондај џанкшн“ во Сиднеј, јавуваат странските медиуми.

Сведоците го виделе мажот како трча и ги напаѓа луѓето со нож, пред трговскиот центар да биде евакуиран и блокиран.

Медиумите јавуваат дека наводно четири лица биле избодени со нож, а едно е мртво.

Напаѓачот наводно бил застрелан од полицијата, пишува Daily Mail.

Полицијата, вклучително и Единицата за тактички операции, како и амбулантни возила беа на местото на настанот, а луѓето беа видени како врескаат и плачат надвор од комплексот.