Нов раст на цените од утре, бидејќи на полноќ завршуваат антикризните мерки на владата, а кои беа донесени за да се спречат ценовните шокови за граѓаните. Освен поскап зејтин, ќе се купува и поскап леб, брашно, ориз, шеќер, млеко и млечни производи, но и јајца и месо. Според проценките, маслото за јадење ќе биде поскапо за најмалку 7 денари, брашното за 3 денари, а лебот од 3 до 6 денари. Неизвесно е и поскапувањето на останатите цени, откако од ...

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат од два до 2,5 денари за литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,46 отсто. Со одлуката на РКЕ малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за два денара за литар и ќе чини 109 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,5 денари ...

Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ се зголемува за три денари по литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за 2,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,11 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 107 ...