Ракометарите на Охрид со победа ја завршија една од најуспешните полусезони во Суперлигата во својата историја. Клубот од покрај езерото на зимска пауза замина од третата позиција на табелата со скор од 14 победи, едно реми и само три порази. Во последното есенско коло „гладијаторите“ немаа никакви проблеми на гостувањето кај Радовиш, против кого одиграа уште една доминантна партија и на крај извојуваа убедлива победа од 23 разлика (14-37). ...
Македонскиот ракометен прволигаш ГРК Охрид со убедлив триумф над Радовиш од 37:14 ја заврши оваа календарска година во Суперлигата. Охриѓани потврдија дека се во добар ритам и го прокнижија четвртиот триумф во низа и со учинок 14-1-3 и вкупно 29 освоени бодови ќе ја дочекаат паузата во шампионатот. Гостите имаа плус осум на полувреме (15:7), предност која во вторите 30 минути дополнително ја зголемија. Лиапис и Кукуловски со по седум голови беа ...
Охрид како на тренинг натпревар рутински славеше над „фенерџијата“ Радовиш со убедливи 14:37 (7:15) и со тоа победнички ја затвори успешната 2025 година. „Гладијаторите“ воопшто и не се испотија, а тимот го водеше помошникот Наум Бабачев, во отсуство на српскиот стратег Борис Ројевиќ кој остана во Охрид. Во комбиниран тим без многу сила и напор Охрид победнички се враќа дома, а Радовиш ќе презими на дното од табелата со многу прашалници како да ...

