До денес, со донации се собрани 54 милиони денари (околу 874.000 евра) преку Црвен крст за помош на семејствата на жртвите и за повредените во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, соопшти генералниот секретар на Црвен крст Македонија, Саит Саити. Тој рече кажа дека е одлучено секој настрадан да добие по 150 илјади денари (околу 2.400 евра) првична помош. Во пожарот на 16 март загинаа 59 лица, меѓу кои и 6 деца, речиси 200 беа повредени, од ...

Црвениот крст информира дека со исплатата на собраните финансиски средства вкупно се опфатени 58 семејства од починатите лица вклучувајќи го и починатиот возач на Брзата помош во Кочани и 99 семејства од повредените лица кои се хоспитализирани во болниците надвор од нашата држава. За секое лице е исплатено 150.000,00 денари. За две семејства од починатите лица и 16 семејства од повредените лица кои се лекуваат во странство се чекаат ...

Финансиската помош за семејствата на жртвите Почнува распределбата на финансиската помош за семејствата на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Секое семејство што изгубило близок ќе добие 150 илјади денари, откако ќе се приберат потребните документи и писмени согласности. Црвениот крст информираше дека исплатата ќе биде извршена веднаш штом се заврши административната постапка. “Средствата кои беа собрани преку телефонските линии ...

За два до три дена, семејствата на настраданите во пожарот во кочанската дискотека ќе добијат по 150 илјади денари, информираат од Црвениот крст на Македонија. Во акцијата, спроведена преку телефонскиот број 143300 на трите оператори и преку онлајн уплати, од граѓани, државни институции, компании и локалната самоуправа, Црвениот крст собрал над 54 милиони денари. Во првата фаза ќе бидат префрлени 36 милиони денари на семејствата. Собрани се ...